Рендина () — село во Лагадинско, Егејска Македонија, денес во општината Бешик на Солунскиот Округ, Централна Македонија, Грција.Kallikratis law Greece Ministry of Interior . Пред реформата на локалната власт во 2011 година Рендина бил дел од општина Рендина.
Географија и местоположба Селото се наоѓа на 19 километри западно од Ставрос и 80 километри источно од Солун, во североисточниот дел на Халкидик. Селото се наоѓа на надморска височина од 222 метри, на источниот брег на Бешичкото Езеро, на патот кој води од Солун кон Кавала. Наречена е по блиската река Рендина која почнува од езерото и завршува во Струмскиот Залив.
Историја
Во XIX век Рендина било село во Лагадинската Каза во рамките на Отоманското Царство.
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија.
Демографија
Населбата била создадена од грчките доселеници. Според податоците од 1928 година, во селото живееле 71 жител, додека во 1940 година селото броело 55 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 125 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 88 жители, во 1971 година имало 341 жител, во 1981 година имало 211 жители, додека во 1991 година имало 187 жители а во 2001 имало 182 жители. Денеска, населението на селото е 504 жители според пописот од 2011 година.
Културни и природни знаменитости Цркви Рендинска базилика од средниот век Рендинска крстокуполна црква од XII век, во урнатини „Св. Марина“ од 1869 г., прогласена за споменик на културата
Археолошки наоѓалишта Рендинска тврдина од средниот век
Природни Рендинска Клисура, наречена „Македонското Темпи“
Наводи
Надворешни врски Официјално мрежно место на Општина Бешик
Категорија:Бешик