мини|десно|300п|Возилото марка „Шкода јети“ е најпрепознатливото возило на македонската полиција Полициските возила во Македонија се службени возила што се употребуваат од полициските служби во државата за потребите при спроведување на законот.

Историја мини|Реплика од автомобил „Застава 750“ на југословенската милиција. Првите полициски возила на македонската држава се појавиле со одлуките на севкупната Југославија и во тоа време милицијата во Македонија дејствувала според начелата на социјалистичката федеративна република. Како и низ останатите републики во државата така и во СР Македонија се возеле полициските верзии на Застава 750, Југо и слично. По осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година, возилата на народната милиција излегуваат од функција и новосоздадената македонска полиција ја започнува сопствената историја на полициски возила. Сепак, низ текот на годините полициските возила го задржувале стилот на уредување на ознаките од народната милиција односно возилата биле обоени во сина или бела боја, носеле син или бел текст со големи букви на кој пишувал „Полиција“ и грбот на Министерството за внатрешни работи, што е случај и во денешниот изглед на регуларните полициски возила.

Регистарски таблички

Полицијата во Македонија спротивно од другите јавни служби, располага со сопствени регистарски таблички, меѓутоа тие се достапни само за полициските служби во рамките на Министерството за внатрешни работи (Регуларната, специјалната, граничната полиција). Предната регистарска табличка е на бела заднина што на врвот има црвена линија. На дното од таблицата на англиски јазик пишува „Police“ (Полиција) со бели и големи букви кои се сместени во црвена платформа а над таа платформа со сини и големи букви пишува „Полиција“. Задната регистарска табличка е на бела заднина со исто така црвена линија на врвот. Во средината на таблицата стои грб на МВР. Помеѓу грбот има три идентификувачки бројки од левата и три од десната страна кои се во сина боја.

Список на полициски возила Регуларни возила Автомобили ИзгледВидКориснициУпотребаБелешка 180п Шкода јети регуларна, сообраќајна и гранична полиција патролирање, транспорт, СЕО, гонење возилото се користи од сите полициски канцеларии, станици, сектори во Македонија и е најпрепознатливото возило на македонската полиција. Има и друга верзија на возилото што се користи како водечко возило при сообраќајно и ескортно обезбедување (СЕО) на важни личности, чиновници и сл. а единствена разлика во надворешниот изглед е сирената што се појавува во сина и црвена боја. Јутјуб: „Полициско одделение за сообраќајно и ескортно обезбедување“. 180п Шевролет спарк регуларна и сообраќајна полиција патролирање, транспорт овие возила биле набавени во поголем број во 2013 г. за потребите на месните полициски станици и за поефикасно патролирање во градски средини. Поради нивната големина, главно се користат за градско патролирање и административни потреби.центар|безрамка|180x180пксДачија сандеросообраќајна полицијапатролирање, контрола на сообраќајот10 возила се во употреба, обезбедени како донација од РСБСП за потребите на сообраќајната полиција. Се користат за зголемена мобилност и контрола на патиштата. 190п Пежо 408 алур униформирана полиција (сите СВР низ државата) патролирање, брзи интервенции, борба против злосторништвото набавени 120 возила во декември 2025 г. Опремени се со мотор 1.6 PureTech со 215 КС и автоматски менувач. Содржат најсовремена технологија и системи ТЕТРА за врска и проверки во бази на податоци на лице место.„МВР ГО ОБНОВИ ВОЗНИОТ ПАРК СО 120 „ПЕЖОА“ ВРЕДНИ 3,9 МИЛИОНИ ЕВРА“. СДК.мк (26 декември 2025).

Џипови ИзгледВидКориснициУпотребаБелешка 180п Ланд ровер дефендер регуларна, специјална и гранична полиција патролирање, транспорт, набљудување граничната полиција користи специјализирана верзија на џипот надоградена со камери за следење што се користат за набљудување на одредена месност поради спречување нелегални преминувања на границата, трговија и сл. 180п Дачија дастер гранична и шумска полиција патролирање на тежок терен, транспорт овие возила се главно наменети за движење во непристапни предели, шумски подрачја и по должината на границите. Опремени се со погон на четири тркала (4х4) за совладување тешки терени.

Комбиња ИзгледВидКориснициУпотребаБелешка 180п Фолксваген транспортер регуларна и специјална полиција патролирање, транспорт возилото што го користи регуларната полиција за разлика од оригиналот е надограден со висок кров. Оваа марка на комбе, без ознаки и без надограден кров ја користи и специјалната полиција. Во 2014 година на подрачјето на Скопје бил промовиран проект за мобилни полициски станици, возилото со кое требало да се извршуваат активностите од овој проект било ова комбе.https://republika.mk/273681

Мотори ИзгледВидКориснициУпотребаБелешка 180п Хонда ST1300 пан-европски сообраќајна полиција СЕО се користи од Одделението за претходница и сообраќајно и ескортно обезбедување (СЕО) при неговите активности меѓу кои е и ескортот на важни личности, чиновници и сл. [потребна е слика] SYM симфони 50 SR сообраќајна полиција градско патролирање, сообраќајна контрола се користат во летниот период за полесно движење и регулирање на сообраќајот во градски средини каде има голема зачестеност на возила и метеж. Ги има во многу мал број.

Хеликоптери ИзгледВидКориснициУпотребаБелешка 180п Бел 212 хеликоптерска единица за полициски намени транспорт, СЕО, медицинска евакуација, гаснење пожари повеќенаменски двомоторен хеликоптер. Се користи за транспорт на специјални единици, медицински транспорт и поддршка на земјените сили. Опремен е со противпожарно ведро за учество во гаснење пожари.

Специјални возила Оклопни транспортери ИзгледВидКориснициУпотребаБелешка 180п ТМ-170 специјална полиција транспорт во македонската јавност возилото е познато како хермелин. Се користат редовно од ЕСЗ „Тигар“ и ЕБР. 180п БТР-80 Специјална антитерористичка единица „Тигар“ транспорт на единици, поддршка при кризи оклопен транспортер на тркала од руско производство. Се користи за безбеден транспорт на специјални единици во високоризични ситуации и заштита при борбени дејствија.

Галерија

Поврзано Вооружување на македонската полиција Чинови на полицијата во Македонија

Наводи

Надворешни врски Јутјуб: „Пол.вежба од СРБ до МК Константно гонење“. Јутјуб: „Пол.вежба од МКД до СРБ Константно гонење“.

Категорија:Министерство за внатрешни работи на Македонија