Авдамал ()Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Αρμπατζίκ -- Στέρνα — село во Општина Визалтија во Серски Округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 30 километри јужно од градот Сер и на 9 километри северозападно од Нигрита.

Селото се наоѓа на надморска височина од 54 метри.

Историја Отоманско Царство

Селото во текот на XIX век се наоѓало во Серската Каза во составот на Отоманското Царство.

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 95 семејства со 70 жители муслимани и 190 жители ГрциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 120-121.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 50 муслимани и 450 жители ГрциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 179.. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 120 македонски гркоманиBrancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 198-199., и функционирало грчко училиште.

Грција

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 471 жител, додека на пописот од 1920 година во селото биле евидентирани 433 жители.

Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1927 година, селото било преименувано во Сисамија.

Демографија

Во 1928 година во селото биле сместени 7 грчки семејства со 28 лица. Во 1928 година, бројот на населението бил 585 лица, додека во 1940 година селото броело 843 жители.

Селото според пописот од 1951 година броело 745 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 745 жители, во 1971 година имало 823 жители, во 1981 година имало 667 жители, додека во 1991 година имало 556 жители. Денеска, населението на селото е 329 жители според пописот од 2011 година.

Знаменитости Црква „Собор на Дванаесетте Апостоли“ 1836 г., прогласена за споменик на културата

Наводи

Надворешни врски Фотографии од Авдамал

Категорија:Визалтија