Герикли ()Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Καραγκιόζ Κιόι -- Περίβλεπτον — село во Општина Бук во Драмски Округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 31 километри југоисточно од градот Драма и на 24 километри југозападно од центарот на општината, Бук. Селото се наоѓа на надморска височина од 315 метри.
Историја Селото во текот на XIX век се наоѓало во рамките на Драмската Каза, во составот на Отоманското Царство.
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија додека муслиманското население ги напуштило своите домови.
Во 1927 година, селото било преименувано во Гирос.
Демографија
До 1928 година во селото биле населени 18 грчки семејства со 97 бегалци од Турција. Во 1928 година селото броело 97 жители, додека во 1940 година селото броело 115 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 94 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 82 жители, во 1971 година имало 43 жители, во 1981 година имало 28 жители, додека во 1991 година имало 35 жители. Денеска, населението на селото е 18 жители според пописот од 2001 година.
Наводи
Категорија:Бук