Купа () — село во областа Бојмија, Егејска Македонија, а денес во општината Пајонија на Кукушкиот Округ во Егејска Македонија, Грција. Населението брои 76 жители (2021).

Георгафија

Селото се наоѓа високо во североисточниот дел на планината Пајак, на околу 30 километри североисточно од Капињани. Оддалечено е 30 километри северозападно од градот Бојмица (Аксиуполи) и на 5 километри југозападно од соседното влашко село Љумница (Скра).

Историја

Во Отоманското Царство Кон крајот на XIX век Купа е едно од влашките (мегленовлашките) села во областа Меглен во гевгелиската каза на Османлиското Царство. Црквата „Успение на пресв. Богородица“ во Купа датира од првата половина на XIX век.14. Ιερός ναός Κοίμησης Θεοτόκου, Κούπας

Во селото во 1895-1896 е основан комитет на ВМОРО со шеф Димо Попов.„Борбите в Македония - Спомени на отец Герасим, Георги Райков, Дельо Марковски, Илия Докторов, Васил Драгомиров“, Борис Йорданов Николов, ИК „Звезди“, 2005 г., стр. 52 ISBN 9549514560

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Купа живеат 600 Власи христијани.Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.152. Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („Lа Mаcédoinе еt sа Populаtion Chrétiеnnе“) во 1905 година во Купа има 468 Власи и во селото има влашко училиште.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, стр.194-195.

Во 1905 година, според Крсте Петков Мисирков, село Ќупа било влашко со 30 куќи.

Според податоци на Егзархијата во 1910 година Купа има 102 семејства, 600 жители Власи и една црква.Шалдев, Христо. Областта Боймия в Югозападна Македония. Македонски преглед, 1930, 6:1, стр. 61–69.

При избувнувањето на Првата балканска војна во 1912 година двајцажители од Купа се доброволци во Македонско-одрински доброволни чети.„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 857.

Во Грција За време на војната во селото влегуваат грчки војски и после Втората балканска војна Купа припаѓа на Грција.

Наводи

Надворешни врски Theodor Capidan, Meglenoromânii, istoria şi graiul lor, vol. I, Bucureşti, 1925, p.26.