Жужел (, Зузули) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Нестрам на Костурскиот Округ во Западна Македонија, Грција. Населението брои 40 жители (2021).
Географија Жужел се наоѓа на Жужелска Река, високо во североисточните падини на планината Смолика (Смоликас). Жужел е најјужното село на општина Нестрам и географски припаѓа на Епир, а не на Македонија. Близу до селото се наоѓа Жужелскиот мост.
Историја Во Османлиското Царство Според името, во XVIII век селото најверојатно е населено со Македонци, но е напуштено во конфликтните години по времето на управувањето на Али паша Јанински и е населено со Грци од Епир. Кон крајот на XIX век Жужел е село во Борботската нахија во Костурската Каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македония. Етнография и статистика“) во 1900 година Жужел има 120 жители Грци.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 268.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Жужел се води како чисто македонско село во Костурската Каза на Горичкиот Санџак со 25 куќи.
Според податоци на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („Lа Mаcédoinе еt sа Populаtion Chrétiеnnе“) во 1905 година во Жужел има 125 Грци и во селото работат грчкото основно и гимназиско училиште.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 182-183.
Грчка статистика од 1905 година го покажува Жужел како село со 189 жители Грци.
Во Грција За време на Балканската војна селото е окупирано од грчки војници и по Втора балканската војна во 1913 година влегува во Грција. За време на граѓанската војна страда силно и е напуштено од жителите. По војната е повторно населено. Во 60-те години многу од жителите на Жужел се населиле во костурското село Мањак. Од 1997 година Висанско е дел од општина Аренес (Κοινότητα Αρρένων), која од 1 јануари 2011 година според закон Каликратис е споена со општина Нестрам.
Пописи 1913 - 305 жители 1920 - 268 жители 1928 - 351 жител 1940 - 423 жители 1951 - 399 жители 1961 - 437 жители 1971 - 31 жител 1981 - 15 жители 1991 - 234 жители
Наводи
Литература Αδαμίδης, Αλέξανδρος. Η παλιά Ζούζουλη Καστοριάς, Θεσσαλονίκη, 1996. Αντωνίου, Χρήστος. Η ιστορία της Ζούζουλης Καστοριάς
Категорија:Нестрам