Кавакли ()Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Αρμπατζίκ -- Αίγειρος — село во Општина Доксат во Драмски Округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 20 километри јужно од градот Драма и на 15 километри источно од Доксат.
Селото се наоѓа на надморска височина од 340 метри.
Историја Отоманско Царство
Селото во текот на XIX век се наоѓало во Драмската Каза во составот на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 280 ТурциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 197..
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 414 жители.
Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.
Во 1927 година, селото било преименувано во Егирос.
Демографија
Во 1928 година во селото биле сместени 53 грчки семејства со 257 лица. Во 1928 година, бројот на населението бил 257 лица, додека во 1940 година селото броело 334 жители.
Селото според пописот од 1951 година броело 149 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 190 жители, во 1971 година имало 56 жители, во 1981 година имало 14 жители, додека во 1991 година имало 7 жители. Денеска, селото е напуштено, според пописот на населението од 2011 година.
Наводи
Категорија:Доксат