„Алеф“ (шпански: El Aleph) — збирка раскази на аргентинскиот писател Хорхе Луис Борхес од 1949 година, а дополнета во 1952 година.

Содржина Збирката содржи 18 раскази и епилог:Хорхе Луис Борхес, Алеф. Скопје: Бегемот, 2015. „Бесмртниот“ „Мртовец“ „Теолозите“ „Приказна за воинот и за заробената“ „Биографија на Тадео Исидоро Крус (1829-1874)“ „Ема Сунс“ „Куќата на Астерион“ „Другата смрт“ Deutsches requiem“ Потрагата на Авероес“ „Захир“ „Ракописот на богот“ „Абенхакан Бохари, умрен во својот лавиринт“ „Двајцата кралеви и двата лавиринта“ „Чекање“ „Човекот на прагот“ „Алеф“

Осврт кон книгата Во епилогот на збирката, напишан во Буенос Аирес, на 3 мај 1949 година, Борхес дал куси забелешки во однос на расказите: темата за „Ема Сунс“ му ја дала Сесилија Инхениерос; дека „Бесмртниот“ претставува нацрт на етика за бесмртни; дека главниот лик во „Умрениот“ претставува дива верзија на Sunday од Честертон; дека расказот „Теолозите“ е меланхоличен сон за личниот идентитет; дека „Другата смрт“ е фантазија за времето; дека „Deutsches requiem“ е посветен на трагичноста на германската судбина; а во „Захир“ и „Алеф“ се забележува влијание од расказот „Кристалното јајце“ на Велс. Подоцна, во 1952 година, Борхес ја дополнил збирката со четири нови раскази: „Абенхакан Бохари, умрен во својот лавиринт“, „Двајцата кралеви и двата лавиринта“, „Чекање“ и „Човекот на прагот“.„Епилог“, во: Хорхе Луис Борхес, Алеф. Скопје: Бегемот, 2015, стр. 157-158. Инаку, некои од расказите во збирката Борхес им ги посветил на своите пријатели: расказот „Бесмртниот“ е посветен на Сесилија Инхениерос, „Приказна за воинот и за заробената“ на Урлике фон Килман, „Куќата на Астерион“ на Марта Москера Истман, „Потрагата на Авероес“ на Вали Зенер, „Ракописот на богот“ на Ема Рисо Платеро, а „Алеф“ на Естела Канто.Хорхе Луис Борхес, Алеф. Скопје: Бегемот, 2015.

Изданија на македонски јазик Во 2015 година, збирката била објавена на македонски јазик, во издание на „Бегемот“, во рамки на едицијата „Ars magna“, а во тираж од 300 примероци. Преводот од шпански јазик го направил Ненад Велковски; ликовното уредување на книгата е дело на Бојан Димитриевиќ; а јазичната редакција ја направил Филип Димевски. Книгата била преведена со финансиска помош на програмата за преводи „Сур“, на Министерството за надворешни работи и култура на Република Аргентина, а била испечатена во „Печатницата Наумовски“ од Скопје. Книгата, со димензии од 18 сантиметри и со обем од 161 страница, е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“ од Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-4718-23-9.Хорхе Луис Борхес, Алеф. Скопје: Бегемот, 2015.

Наводи

Категорија:Дела на Хорхе Луис Борхес Категорија:Изданија на Бегемот Категорија:Книги од 1949 година Категорија:Појавено во 2015 година во Македонија Категорија:Аргентински раскази Категорија:Книги на шпански јазик