Рахче (, Кринидес; до 1926 г. Ράχτσα, РахцаΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ράχτσα -- Κρηνίδες) — село во Општина Кавала во Кавалскиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 16 километри северозападно од градот Кавала на надморска височина од 384 метри.
Историја Отоманско Царство
Селото во текот на XIX век се наоѓало во Кавалската Каза во составот на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 480 ТурциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 202..
Грција
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.
Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.
Во 1927 година, селото било преименувано во Кринидес.
Демографија
Во 1928 година во селото биле сместени 163 грчки семејства со 312 лица. Во 1928 година, бројот на населението бил 672 лица, додека во 1940 година селото броело 1281 жител.
Селото според пописот од 1951 година броело 3424 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 3189 жители, во 1971 година имало 2039 жители, во 1981 година имало 2811 жители, додека во 1991 година имало 3005 жители. Денеска, населението на селото е 3365 жители според пописот од 2011 година.
Наводи
Категорија:Кавала