Куруџу (Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ναϊπλή -- Δάτο) — село во Општина Кавала во Кавалскиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 16 километри северно од градот Кавала на надморска височина од 240 метри.
Историја Отоманско Царство
Селото во текот на XIX век се наоѓало во Кавалската Каза во составот на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 450 ТурциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 203..
Грција
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.
Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.
Во 1927 година, селото било преименувано во Крионери.
Демографија
Во 1928 година во селото биле сместени 144 грчки семејства со 685 лица. Во 1928 година, бројот на населението бил 685 лица, додека во 1940 година селото броело 1077 жители.
Селото според пописот од 1951 година броело 1111 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 1014 жители, во 1971 година имало 581 жител, во 1981 година имало 560 жители, додека во 1991 година имало 521 жител. Денеска, населението на селото е 619 жители според пописот од 2001 година.
Наводи
Категорија:Кавала