Еган Арлеј Бернал Гомес (; р. ) — колумбиски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата .

Ја освоил Тур де Франс 2019, станувајќи прв победник на трката од Латинска Америка.

Ран живот

Бернал е роден во Богота, Колумбија. Тој е најстаро дете во семејството на Герман и Флор и пораснал во соседниот град Сипакира. Неговиот татко бил аматерски велосипедист и тој започнал да вози половен велосипед на пет години. На девет години, и покрај противењето на татко му, настапил и лесно ја освоил трката во неговиот роден град, награда која вклучувала стипендија за тренинг.

Првично се насочил и бил многу добар во планински велосипедизам, освојувајќи трки во Бразил, Костарика и САД, како и го освоил сребрениот (2014) и бронзениот медал (2015) на Светското првенство во планински велосипедизам за јуниорските категории.

Професионален велосипедизам

Покрај планинскиот велосипедизам, Бернал започнал со успеси на јуниорски друмски трки во Колумбија и во Италија, освојувајќи ја Класика Хувентудес Кахика и Соњандо Ил Џиро деле Фјандре во 2015 година

2016–2017

Бернал потпишал четиригодишен договор со Џани Савио во екипата , делумно поради резултатот за максимална потрошувачка на кислород од 88,8 мл/кг/мин. што бил понуден од неговиот агент, Паоло Алберати. Веднаш започнал да настапува на елитните трки, заобиколувајќи ја категоријата под 23 години. Во 2016 година направил резултати меѓу први 20 на Ла Медитеранен, ГП Индустрија & Артиџанато, Сетимана Интернационале Копи е Бартали и Џиро дел Трентино, пред да ја освои Трката Бихор и завршил на четврто место на Трката околу Словенија и Тур де л’Авенир.

Во 2017 година имал резултати во првите десет на Вуелта а Сан Хуан и на Тур де Лангкави. Подоцна, завршил трет на Сетимана Интернационале Копи е Бартали, втор на Џиро дел’Апенино и деветти на Трката на Алпите. Први професионални победи му биле на Велосипедската трка Сибиу, каде освоил две етапи и генералниот пласман. Исто така, освоил две етапи и генералниот пласман на Тур де л’Авенир. Иако, сѐ уште имал договор со и за предвремено раскинување на договорот имало 350.000 евра пенали, Бернал потпишал петгодишен договор со од сезоната 2018. Последни трки со екипата на Савио биле Џиро дела Тоскана, каде завршил петти, како и местата меѓу први 20 на Џиро дел’Емилија, Милано-Торино и неговиот прв монумент, Џиро ди Ломбардија.

2018

мини|лево|Бернал ја носи водечката маичка на Трката околу Калифорнија 2018

Бернал го имал својот прв настап за на Тур Даун Андер 2018 како предводник на екипата, каде го освоил пласманот за млад возач и завршил на шестото место во генералниот пласман. Во февруари 2018 година, Бернал го освоил националното хронометарско првенство. Потоа ја прославил првата победа со Тим Скај, освојувајќи го генералниот пласман на првото издание на Колумбија Оро и Паs, додека Наиро Кинтана завршил втор. Бернал ја обезбедил победата со напад на завршното искачување од 20 километри последниот ден пред да заврши втор, Бернал победи и покрај тоа што неговиот сонародник Серхио Енао бил првично означен како предводник на екипата. За неговата победа, Бернал изјавил:

По трката, спортскиот директор на Тим Скај, Николас Портал коментирал за неговиот развој, изјавувајќи:

Следна трка на Бернал била Волта а Каталуња 2018. На четвртата етапа, планинска завршница на Ла Молина, Бернал и Пјер Латур () биле единствени возачи кои одговориле кога тројката од , Алехандро Валверде, Наиро Кинтана и Марк Солер започнале групирање во последните седум километри на етапата. Бернал се обидел да го нападне триото и на крајот се оддалечил од Солер, но Кинтана и Валверде работеле заедно и на крајот Валверде го претекнал Бернал за победа на етапата. Бернал паднал на трката додека бил на второто место во генералниот пласман и предводник на пласманот за млад возач, откако Хосе Хоакин Рохас паднал пред него на спуст. Бернал се здобил со фрактури на падот.

Следниот месец, Бернал настапил на Тур де Романди, повторно како предводник на екипата. Бернал ја освоил третата етапа на трката, која била поединечен хронометар, завршувајќи четири секунди пред крајниот победник на трката Примож Роглич. Завршил втор на крајот на трката, освојувајќи го пласманот за млад возач. Во мај, Бернал ја освоил најголемата победа дотогаш, кога завршил прв на крајот на Трката околу Калифорнија, завршувајќи над минута пред второпласираниот возач Тиџеј ван Гардерен. На втората етапа, Бернал нападнал на искачување два километри пред целта, што му овозможило да ја освои етапата со над дваесет секунди. Исто така, го преземал водството на трката, но набрзо го изгубил од Ван Гардерен откако изгубил време на четвртата етапа, хронометар. На шестата етапа, кралската етапа, Бернал нападнал на завршното искачување, оддалечувајќи се од другите возачи. Ја освоил етапата со 1:28 разлика од Адам Јејтс. Го освоил водството на трката по етапата и успешно го одбранил на последната етапа.

Во јули 2018 година бил именуван во почетниот состав за Тур де Франс. Бернал возел како помошник за предводниците на екипата Крис Фрум и Герајнт Томас. Бил меѓу најмладите учесници на трката, но успеал да ги помине повеќето фаворити на планинските етапи.

2019

upright|мини|десно|Бернал на Тур де Франс 2019

Бернал ја започнал сезоната 2019 во Колумбија. Возел на националните првенства и на домашната етапна трка, Трка Колумбија. Бернал не ја одбранил титулата на Трката околу Колумбија, завршувајќи на четвртото место во генералниот пласман. Бернал патувал до Европа за да вози на Париз-Ница, каде импресионирал со накрсните ветрови, поединечниот хронометар и на планинските етапи. Ја освоил трката, со што станала негова најголема победа.

Бернал завршил трет на Волта а Каталуња и бил назначен на чело на Тим Инеос на Џиро д’Италија додека не ја скршил клучната коска на тренинг во Андора. Се вратил на трките на Тур де Свис, на која го освоил генералниот пласман и кралската етапа.

Победа на Тур де Франс

Бернал бил назначен за втор предводник, заедно со бранителот на титулата, Томас, на Тур де Франс, бидејќи Фрум отсуствувал поради повреда. По втората етапа, екипен хронометар, имал резултат меѓу првите десет во генералниот пласман, кој го задржал, и покрај невоодушевувачкиот резултат на поединечниот хронометар, на трите одлучувачки алпски етапи. Напад на последното искачување на етапата 18 му го донело второто место во генералниот пласман, пред Томас, и ја презел жолтата маичка како предводник на етапата 19 по нападот на Кол де л’Изеран. Етапата била скратена поради лизгање на земјиштето и силна бура на 38 километри пред целта. Иако биле поништени местата на етапата, времињата на врвот на Изеран биле земени предвид, поради што Бернал го зголемил водството на четириесет и пет секунди пред претходниот предводник Жилијан Алафилип и една минута и единаесет секунди пред Томас. Го одбранил своето водство на етапата 20, уште една планинска етапа, и ја потврдил победата на церемонијалното возење на Шанзелизе во Париз.

Така, станал прв Колумбиец и општо прв јужноамерикански возач, и втор од цела Америка, кој победил на Тур де Франс и исто така го освоил пласманот за млад возач. Бил најмлад победник на генералниот пласман од 1909 година и трет најмлад некогаш со 22 години и 196 дена.

Бернал по победата изјавил:

Достигнувања планински велосипедизам

2014 2. 15п Светско јуниорско крос-кантри првенство 3. 15п Панамериканско јуниорско крос-кантри првенство 2015 1. 15п Панамериканско јуниорско крос-кантри првенство 3. 15п Светско јуниорско крос-кантри првенство

друмски велосипедизам

2016 1. 20п Краен пласман Трка Бихор 1. 20п Пласман за млад возач 1. Етапа 1 1. 20п Пласман за млад возач Сетимана Интернационале Копи е Бартали 1. 20п Пласман за млад возач Џиро ди Трентино 4. Краен пласман Трка околу Словенија 1. 20п Пласман за млад возач 4. Краен пласман Тур де л’Авенир 2017 1. 20п Краен пласман Велосипедска трка Сибиу 1. 20п Бодовен пласман 1. 20п Пласман за млад возач 1. Етапа 2 1. Етапа 3 1. 20п Краен пласман Тур де Савоја Монблан 1. 20п Бодовен пласман 1. 20п Пласман за млад возач 1. Етапа 2 1. Етапа 4 (ITT) 1. 20п Краен пласман Тур де л’Авенир 1. Етапа 7 1. Етапа 8 2. Џиро дел’Апенино 3. Меморијал Марко Пантани 4. Краен пласман Сетимана Интернационале Копи е Бартали 1. 20п Пласман за млад возач 5. Краен пласман Џиро ди Тоскана 1. 20п Пласман за млад возач 5. ГП Индустрија & Артиџанато ди Ларчано 7. Краен пласман Тур де Лангкави 9. Краен пласман Трка на Алпите 1. 20п Пласман за млад возач 9. Краен пласман Вуелта а Сан Хуан 1. 20п Пласман за млад возач 2018 1. 20п Национално хронометарско првенство 1. 20п Краен пласман Трка околу Калифорнија 1. 20п Пласман за млад возач 1. Етапа 2 1. Етапа 6 1. 20п Краен пласман Колумбија Оро и Пас 1. 20п Планински пласман 1. 20п Пласман за млад возач 2. Тур де Романди 1. 20п Пласман за млад возач 1. Етапа 3 (ITT) 6. Краен пласман Тур Даун Андер 1. 20п Пласман за млад возач 10. Милано-Торино 2019 1. 20п Краен пласман Тур де Франс 1. 20п Пласман за млад возач 1. 20п Краен пласман Тур де Свис 1. 20п Пласман за млад возач 1. Етапа 7 1. 20п Краен пласман Париз-Ница 1. 20п Пласман за млад возач 1. Гран Пиемонте 2. Џиро ди Тоскана 3. Краен пласман Волта а Каталуња 3. Национално хронометарско првенство 3. Џиро ди Ломбардија 4. Краен пласман Трка околу Колумбија 6. Милано-Торино 9. Џиро дел’Емилија 2020 Национални првенства 2. Друмска трка 3. Хронометар

Распоред на резултатите на етапните трки

Распоред на резултатите на големите трки Голема трка201720182019 20п Џиро — — — 20п Тур — 151 20п Вуелта — — —Распоред на резултатите на етапните тркиЕтапна трка201720182019 Париз-Ница — —1 Тирено-Адријатико 16 — — Волта а Каталуња — СО3 Трка околу Баскија — — — Тур де Романди —2 — Критериум ди Дофине — — — Тур де Свис — —1

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи

Белешки

Надворешни врски

Категорија:Родени во 1997 година Категорија:Колумбиски велосипедисти Категорија:Луѓе од Богота Категорија:Велосипедисти на Тур де Франс Категорија:Победници на Тур де Франс Категорија:Живи луѓе