Светлана Евгењевна Савицкаја (руски Светла́на Евге́ньевна Сави́цкая, година во Москва) — познат руски астронаут. Таа е првата жена која „ја шетала вселената“ и втора жена која била во вселената и тоа во 1982 година, додека прва била Валентина Терешкова.

Животопис Покрај студиите на факултетот за авиоинженерство била и пилот, и тоа многу успешен. На авиомитингот во 1970 година таа била светски шампион со 23 брзински рекорди и 3 рекорди во скокање со падобран. На обуката за астронаут присуствувала во 1980 година. Вкупно имала две мисии во вселената. Нејзината прва мисија била на 19 август 1982 година под името Днепар-3, а втората 17 јули 1984 година. Вкупно во вселената поминала 19 дена, 17 часа и 6 минути. Таа е првата жена која „шетала“ во вселената и тоа на 25 јули 1984 година. Таа била надвор од леталото Сојуз Т-12 повеќе од 3 часа заедно со колегата Владимир Џанибеков.

Имала во план уште две мисии, во 1985 и 1986 година, но првата била откажана, а таа ја пропуштила другата заради нејзината бременост. Се пензионирала во 1993 година кога имала чин мајор.

Савицкаја е двапати добитник на орденот Херој на СССР. Астероидот 4118 Света е наречен по неа.

Савицкаја е мажена и мајка на едно дете, син роден во 1986 година.

Наводи

Категорија:Руски космонаути Категорија:Херои на Советскиот Сојуз Категорија:Луѓе од Москва Категорија:Носители на Орденот за заслуги пред татковината од III степен Категорија:Носители на Орденот за заслуги пред татковината од IV степен Категорија:Носители на Орденот на Ленин Категорија:Носители на орденот „Знак на Честа“ Категорија:Живи луѓе Категорија:Советски воздухопловци