Топчилар (), до 1927 година () Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Τοπτσιλάρ -- Άγιος Δημήτριος – село во Република Грција, во општината Кожани, во областа Западна Македонија. Во 2011 година селото броело 830 жители.
Географија Селото се наоѓа североисточно од Кожани, на југозападните падини на планината Каракамен (Вермио).
Историја За време на Османлиското Царство Кон крајот на XIX век Топчилар е турско село во Кожанската Каза на Османлиското Царство. Според грчкиот конзулат во Еласона од 1904 година, во Топцилари живееле 750 Турци.Σπανός, Κώςτας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 2001.
Во Грција За време на Првата балканска војна во 1912 година во селото влегуваат грчки трупи и за време на Втората балканска војна во 1913 година Топчилар станува дел на Кралството Грција.
Во 1913 година селото Топчилар има 846 жители. Во 1920-тите години според Лозанскиот договор населението се иселува во Турција, а на негово место се населиле бегалци, Грци Понди, од Турција. Во 1928 година селото е целосно бегалско со 239 семејства и 884 жители бегалци.
Во 1927 година името на селото е променето во Агиос Димитриос.
Демографија Пописи Движењето на населението по години е следното: 1913 – 846 жители 1920 – 852 жители 1928 – 850 жители
Стопанство Населението во селото произведува компири, жито, тутун и други земјоделски производи, а внимание му се посветува и на сточарството.
Наводи
Категорија:Кожани