Трка околу Баскија 2017 — 57. издание на велосипедската етапна Трка околу Баскија, која се одржала помеѓу 3 и 8 април како четиринаесетти настан во сезоната на Светската турнеја.

Трката била освоена по првпат од Алехандро Валверде од , кој го презел водството на трката на претпоследниот ден по победата на кралската етапа во Ејбар, пред да го продлабочи своето водство завршувајќи втор на завршниот поединечен хронометар; со овие завршница, Валверде го презел и бодовниот пласман од возачот на , Мајкл Метјус. Валверде завршил 17 секунди пред четирикратниот победник Алберто Контадор () додека сешпанскиот подиум бил заокружен со националниот хронометарски првак, Јон Изагире, уште четири секунди зад Контадор од екипата .

Во другите пласмани на трката, возачот на , Алекс Хаус, ја освоил точкестата маичка како победник на планинскиот пласман, Љуис Мас () бил победник на пласманот на средните спринтови, додека го освоил екипниот пласман.

Рута

Целата рута на Трката околу Баскија 2017 била објавена на 23 март 2017 година.

Екипи

Бидејќи Трката околу Баскија е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката. Две професионални континентални екипи — и — биле поканети, со што била заокружена главната група од 20 екипи. Бидејќи секоја екипа имала осум возачи, се очекувале вкупно 160 возачи на почетокот на првата етапа.

Етапи Етапа 1

Етапа 2

Етапа 3

Етапа 4

Етапа 5

Етапа 6

Завршен пласман

Поредок

На Трка околу Баскија 2017 се доделувале четири различни маички. На генералниот пласман, пресметуван преку додавање на завршните времиња на секој велосипедист по секоја етапа, предводникот ја добивал жолтата маичка. Овој пласман бил сметан за најважен на Трката околу Баскија 2017 и победникот на пласманот бил победник на трката. Немало бонус секунди.

+ Бодови за планинскиот пласман Место 1 2 3 4 5 6 Бодови за 10 8 6 4 2 1 Бодови за 6 4 2 1 0 Бодови за 3 2 1 0

Дополнително, постоел бодовен пласман, на кој се доделувала белата маичка. За бодовниот пласман, велосипедистите добивале бодови доколку завршат на првите 15 места на етапата. За победа на етапа, возачот добивал 25 бода, второто место добивало 20 бода, третото место 16 бода, четвртото 12 бода, петтото 12, шестото 10 и по еден бод помалку до еден бод за 15. место. Постоел и спринтерски пласман, обележан со сината маичка. Во спринтерскиот пласман, велосипедистите добивале бодови доколку завршат на првите три места на средните спринтови во текот на етапите, со исклучок на завршниот поединечен хронометар.

Четвртата маичка го претставувала планинскиот пласман, каде водството во пласманот било обележано со црвена маичка со бели точки. Во планинскиот пласман, бодовите биле освојувани доколку велосипедистите стигнат на некое искачување пред останатите велосипедисти и повеќе бодови биле достапни на повисоките категоризирани искачувања. Постоел и екипен пласман, во кој времињата на тројцата најдобри велосипедисти од секоја екипа биле собирани заедно; водечката екипа на крајот на трката била екипата со најниско вкупно време.

Етапа Победник Генерален пласман25п Бодовен пласман25п Планински пласман25п Спринтерски пласман25п Екипен пласман 1 Мајкл Метјус Мајкл Метјус Мајкл Метјус Јоан Баго Љуис Мас 2 Михаел Албасини 3 Давид де ла Круз Давид де ла Круз Алекс Хаус 4 Примож Роглич Јонатан Ластра 5 Алехандро Валверде Алехандро Валверде Љуис Мас 6 Примож Роглич Алехандро Валверде На крај Алехандро Валверде Алехандро Валверде Алекс Хаус Љуис Мас

Наводи

Извори

Надворешни врски

Категорија:Трка околу Баскија Категорија:Светска турнеја на UCI 2017 Категорија:Шпанија во 2017 година