Берлинска телевизиска кула () — телевизиска кула во средишниот дел на Берлин, Германија.

Во близина на Александерплац во Берлин-Мите, кулата била изградена помеѓу 1965 и 1969 година од страна на Владата на Демократска Република Германија. Таа била наменета како симбол на комунистичката власт во Источен Берлин. Кулата останала и ден денес и е видлива од средишните, но и од некои приградски населби во Берлин. Со својата висина од 368 метри (вклучувајќи ја и антената) таа е на списокот на највисоките градби во Германија и втора највисока градба во Европската Унија. Од трите највисоки структури во Европа, таа е 0,5 метри пократка од Ришката радиска и телевизиска кула и 8 метри повисока од станицата Трбовље во 2017 година.

Кулата станала еден од најпознатите симболи на земјата и често се појавува во филмовите одиграни во Берлин. Поради својата местоположба во близина на Александерплац, таа понекогаш се нарекува Алекс кула.

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница

Категорија:Берлин