Мачадо де Асис (португалски: Machado de Assis) (21 јуни 1839, Рио де Жанеиро, Бразил — 29 септември 1908, Рио де Жанеиро, Бразил) — бразилски писател.

Животопис мини|Мачадо де Асис. Мачадо де Асис бил Мулат по татко, така што целиот живот го носел товарот на своето потекло и се обидувал да избега од сиромаштијата и да се искачи во повисоките општествени слоеви, во што успеал.Антoлогија на бразилскиот расказ, Три, Скопје, 2012, стр. 284.

Творештво Мачадо де Асис отворил нови хоризонти во бразилската книжевност, свртувајќи се кон домашните теми и отфрлајќи го влијанието на португалската и на француската книжевност. Тој е најценетиот бразилски писател, а славата ја стекнал уште додека бил жив. Така, по основањето на Академијата за литература во 1897 година, тој бил избран за нејзиниот прв претседател. Најпознати дела на де Асис се: поетската збирка „Ларви“ (1864), збирката раскази „Рака и ракавица“ (1874), романот „Елена“ (1887), романот „Посмртните спомени на Брас Куба“ (1881), романот „Кинкас Борба“ (1891), романот „Дон Немтурот“ (1899) итн.

Наводи

Категорија:Бразилски писатели Категорија:Родени во 1839 година Категорија:Починати во 1908 година