Апостол Лука е еден од четирите евангелисти чии дела денеска се наоѓаат во Новиот завет. Според едни, тој им припаѓал на Дванаесет апостоли, а според други не бил во редот на овие апостоли туку во Седумдесет апостоли. По Христовото воскресение, апостол Лука напишал Евангелие за животот и делото на Исус, па главно поради ова тој е познат ѝ како Евангелист.

Се смета дека Лука бил по националност Грк, роден во Антиохија. Во младоста се занимавал со изучување на старогрчката филозофија, медицина и иконопис. Според теоријата, Апостол Лука бил оној кој го повикал на Апостол Павле да дојде во Македонија. Се смета дека тој бил првиот кој ги насликал иконите на Исус Христос, Пресвета Богородица и на апостолите Петар и Павле. Апостол Лука се смета за основоположник на христијанскиот иконопис.

По смртта на апостол Павле тој заминал да го проповеда Евангелието во Италија, Далмација и Македонија.

Свети Лука го напишал третото Евангелие од Новиот завет. Во преден план, евангелието на Лука било наменето за христијанските заедници, кои се состоеле претежно од луѓе кои претходно верувле во паганските обичаи или пак евреи. Некои редови од евангелието, како Parable of the Prodigal Son и Parable of the Good Samaritan се споменуваат само во ова евангелие. Исто така, ова евангелие дава посебен акцент на молитвата, улогата на Светиот Дух.Donald Guthrie, New Testament Introduction (Leicester, England: Apollos, 1990), p. 105. Освен ова евангелие, се смета дека апостол Лука ги напишал и Апостолските дела.Udo Schnelle, The History and Theology of the New Testament Writings, p. 259. Всушност, Делата на светите апостоли и Евангелието на Лука во некои изданија на Библијата биле претставени како една книга.The Books of The Bible (Colorado Springs: International Bible Society, 2007); The Original New Testament (San Francisco: Harper & Row, 1985).

Апостол Лука доживеал длабока старост но не се откажал од христовото учење. Според едни извори на 84-годишна возраст во Грција бил мачен и обесен на маслинка, а според други умрел од природна смрт. Телото на светиот евангелист Лука за време на императорот Константин Велики било пренесено во Цариград и погребано во црквата на Светите апостоли заедно со телата на Свети Андреј Првоповикан и свети Тимотеј.

Нзводи

Надворешни врски Евангелие според апостол Лука МПЦ - Светиот апостол и евангелист Лука

Категорија:Седумдесет апостоли Категорија:Апостоли Категорија:Грчки светци Категорија:Римокатолички светци од Грција Категорија:Ранохристијански маченици Категорија:Личности од Новиот завет Категорија:Светци од Светата Земја Категорија:Римокатолички светци од Палестина Категорија:Римокатолички светци од Сирија Категорија:Римокатолички светци од Анадолија Категорија:Христијански светци од 1 век Категорија:Евангелие според Лука Категорија:Родени во непозната година Категорија:Личности од Павловите посланија Категорија:Писатели од 1 век Категорија:Личности од Делата на светите апостоли Категорија:Светци од Анадолија