Гомељ (белоруски и ) — град во источниот дел на Белорусија, во близина на границата со Украина и со Русија во кој живеат околу 520.000 жители. Градот е центар на истоимената област и е вториот по големина град во Белорусија. Се наоѓа во југоисточниот дел на земјата, на 302 километри од главниот град Минск, 534 километри источно од Брест, од Могиљов е оддалечен 213 километри, 279 километри западно од Брјанск и 111 километри северно од Чернигов. Низ него тече реката Сож. Градот е на површина од 121 км². Гомељ се стекнал со Магдебуршкото право во 1670 година.Alexander Rogatschewski: Das Magdeburger Recht auf dem heutigen Territorium Rußlands: Forschungsstand und Forschungsperspektiven // Rechts- und Sprachtransfer in Mittel- und Ostmitteleuropa. Sachsenspiegel und Magdeburger Recht. Internationale und interdisziplinäre Konferenz in Leipzig vom 31. Oktober bis 2. November 2003. (Ivs Saxonico-Maidebvrgense In Oriente. Bd. 1) / editors von E. Eichler und H. Lück. Berlin, Walter de Gruyter. 2008. ISBN 978-3-89949-428-0. стр. 207–287.
Градот бил основан во 1142 година, и административно е поделен на четири реони: Централен, Советски, Железнодорожен, и Новобелички. Актуелен градоначалник е Петар Кириченко, кој на функцијата стапил во ноември 2012 година. Од индустриските гранки најразвиена е машинската, а нешто помалку прехранбената индустрија. Во градот има тролејбуски и автобуски превоз, а авионски е поврзан со поблиските градови од соседството. Гомељ има умерено-континентална клима, но поради Чернобилската несреќа се соочил со намалување на населението кон крајот на 20 век. Градот почнал економски и демографски да заздравува во 21 век.
Потекло на поимот Постојат неколку теории за потеклото на името на градот. Една од најчестите е таа која вели дека градот го добил своето име од потокот Гомејук, кој се влевал во реката Сож и на тоа место бил основан градот. Оваа теорија е создадена по аналогија како другите градови во Белорусија ги добиле своите имиња, па така Минск го добил името по потокот Менка, Полоцк по реката Полота, и Витепск по реката Витба. Зборот „Гомејук“ може да има финско потекло, Homma Joki, што значи „брза река“.
Во историските записи, името на градот од 1142 до 16 век се јавува во различни форми: Гомь, Гомье, Гомей, Гомьи. Истражувачите-јазичари сметаат името потекнува од словенечкиот збор „гом“ што значи „рид“. Денешното име се воспоставило во 17-18 век.Географические названия мира. Топонимический словарь//Е. М. Поспелов. Москва, Русские словари, Астрель, АСТ, 2002
Географија Градот Гомељ се наоѓа во југоисточниот дел на Република Белорусија и е административен центар на Гомељската Област, и се наоѓа на околу 40 километри западно од државната граница со Брјанска Област во Русија, и на околу 40 километри северно од Черниговска Област во Украина. Градот се наоѓа во северниот дел на Придњепарската Низина, во физичко-географската област наречена Гомељска Полесја (составен дел на белоруската Полесја). Северозападно од градот на Гомељската Полесја се наоѓа Чечерска Низина.Гомель. Энециклопедический справочник. — Мн.: БелСэ, 1991. — 527 стр.
Геологија и тектоника мини|220п|Реката Сож во Гомељ
Гомељ се наоѓа во југоисточниот дел на Воронешкиот Антиклиз - покачена тектонска структура која е составен дел на рускиот штит во источноевропската плоча. Кристалната основа се наоѓа на длабочина од околу 450-550 метри под нивото на морето. Плочата има засводена структура и се состои од слоеви со палеозојска старост (дебелина од 100–120 m, среднодевонска глина, мек камен, доломит), мезозојска старост (400–420 m, песочна глина од тријас, глина и песок од јура, седименти од креда), и кенозојска старост (дебелина од 30–50 m, глауконско-кварцен песок, песок од морски материјал).
Областа на денешен Гомељ од почетокот на протерозоикот до средниот девон била на површината, а во текот на средниот девон била поплавена. За време на доцниот девон имало интензивна вулканска активност. За време на кватернерното ледено доба, многу ледници се ширеле по целото денешно градско подрачје, а во текот на александрискиот интерглацијар се формирала долината на реката Сож, која уште доминира во градскиот пејзаж. ледниците со своите активности во оваа област имаат акумулирано огромно количество наносен материјал и така се формирало големото песочно плато на Полеска.
Руда и релјеф 220п|мини|десно|Во Гомељ недостасуваат повеќе зелени површини
Во релјефот на градот и околината доминира пространата рамнина. Низината долж десниот брег на реката Сож има алувијално-ледничко потекло, додека левиот брег на реката настанал преку таложење на наносен материјал. Воронешкиот Антиклиз се простира во правец север-југ, така што геолошки највисоката точка на градот во северното предградие се наоѓа на 144 метри надморска височина, додека најниската точка е крајбрежна област на Сож (115 м). Најнискиот дел на градот е Новобеличкиот Реон кој се наоѓа на левиот брег на реката и е во просек 10 до 15 метри понизок од северниот и јужниот дел на градот. По должината на левиот брег на Сож има бројни плажи, со вкупна должина од неколку километри.
Во градот Гомељ се пронајдени големи резерви на свежи јаглеводороди (во карпите од кенозојската ера и креда) и минерални сулфатно-хлоридни натриумови води (девон и тријас) кои се користат за бањски третман. Во југозападниот дел на градот е Осовскиот Каменолом чиј песок се користи во градежништвото.
Клима и вода 220п|мини|десно|Водоскокот Гомејук на едно од градските езера
Гомељ се наоѓа во зоната на умерено-континентална клима, која се одликува со многу топли и влажни лета и студени зими. Годишната сончева светлост е 3.980 MJ / m² (95.1 kcal / cm²), што е за околу 5% повисоко отколку во Минск.
Просечната температура на воздухот во годината е 7,4 °C. Во јануари е забележана најниска температура од -33,9 °C (мерено во 1970 година), а највисоката тој месец била 9,6 °C (мерено во 2007 година). Поради честото навлегување на влажен и топол воздух од Атлантикот, во текот на зимата имало најмногу 40 дена со температури над 0 °С, додека поради студените воздушни маси од исток и север имало околу 30 дена кои имале исклучително ниски температури под -10 °C. Просечната температура во јули е 19,9 °C, а во летото максималната била 38,9 °C (мерено во 2010 година), а најниската тој месец била 6 °C (во 1976). Во текот на летото имало повеќе од 30 дена со тропски температури над 20 °C. Вегетациониот период трае 205 дена од 3 април до 26 октомври, и во овој период температурата на воздухот е околу 5 °C.
Просечната вредност на воздушниот притисок на годишно ниво изнесува 1.001,5 hPa со годишна амплитуда од 6 hPa. Најголема вредност на воздушниот притисок е измерена во 1972 година и имала вредност од 1037 hPa, а најниската вредност била 960 hPa (или 4,5 mm Hg) регистрирана во 1946.
Во текот на зимата доминираат јужни, а во лето западни и северозападни ветрови. Просечната брзина на ветерот на годишно ниво е 3,8 m/s, во зима била 4,3-4,4 m/s, а на лето 3,1-3,2 m/s. Посилни ветрови со брзина до 15 m/s се случуваат еднаш или двапати месечно, додека екстремно моќни ветрови со брзина преку 25 m/s случуваат еднаш во 20 години.
Просечното количество годишни врнежи е 626 мм. Околу 70% од талогот се истура во топлиот период од април до октомври, а годишно во просек 160 дена се врнежливи, додека снежната покривка се задржува околу 106 дена во годината. Снежната покривка е присутна во периодот од 15 декември-21 март, а нејзината просечна висина е околу 20 см. 77% од врнежите се од течен тип, а 11% до 12% мешан.
Релативната влажност на воздухот во постудените делови од годината е околу 80%. За време на топлиот период преку ден, релативната влажност на воздухот е околу 50-60%. Годишно во просек во Гомељ има 147 облачни денови, 30 дена се без облаци, додека останатите се полуоблачни денови. Сончевиот сјај на годишно ниво е во просек 1.855 часа. Снежни бури се случуваат просечно 24 пати во годината, најмногу 54, магла има 61 ден, најмногу 79, грмотевици има во 24, а максимум во 54 дена. Град паѓа 2 пати годишно во просек а 5 максимум, мраз се случува 13 пати годишно, а леден дожд 20 пати.
Најважен хидролошки објект е реката Сож, една од најголемите реки во Белорусија. На територијата на градот се влева и реката Ипуц. Во приградската област во Сож се влеваат помалите реки Ут, Уза и Терјуха.Блакітная кніга Беларусі: Энцыкл. / БелЭн; Рэдкал.: Н. А. Дзісько і інш. — Мн.: БелЭн, 1994. Во и околу Гомељ постојат неколку езера, главно од флувијален тип, а најпознати се Љубенско и Волотовско. Во северниот дел на градот има бројни бари, и од тие места се вади градежен материјал. Населението ги користи за пикник. Во Гомељскиот парк се наоѓа најстарата бара во градот „Лебедово Езеро“, создадена на местото каде потокот Гомејук некогаш се влевал во Сож, според кого во легендата градот го добил своето име.
Флора и фауна мини|лево|220п|Паркот „Громика“
Природната покривка на Гомељ значително се изменила со тек на времето. Природните мочурливи степи биле заменети со полиња, мочуришта се исушиле и натрупале со камен, чакал и песок. Во парковите и ботаничките градини природната средина се култивирала. Непроменет дел е периферијата на градот, каде останала старата земјишна структура во која преовладуваат старите типови почва типични за овој дел од Белорусија, каде релјефот се формирал под дејство на ледниците.
Во градските паркови и на улиците преовладуваат бор, смрека, даб, јавор, див костен, бел јасен, липа, топола, врба и од неодамна доведени видови како европски листовник, црвен даб, багрем, гинко, и други видови егзотични дрвја.Сапегин Л. М., Дайнеко Н. М. Структура и функционирование луговых экосистем (Экологический мониторинг). — Гомель: ГГУ, 2002.
Во Гомељ има околу 66 живи видови цицачи, 188 видови птици, 6 видови влекачи, 11 видови водоземци и 25 видови риби. Низ градот често се среќаваат еж, срна и дива свиња, а во паркот верверички, зајаци и кртови. Од птиците најчести градски птици се врапчиња, врани и гулаби, додека надвор од градот се среќаваат чапји.
Екологија 220п|мини|десно|Депонијата за фосфоров гипс во околината на градот е еден од главните проблеми за животната средина во Гомељ.
Најголемиот проблем за животната средина во Гомељ е радиоактивното загадување кое настанало како резултат на јадрената несреќа во Чернобил, потоа следува загадувањето на воздухот, почвата и водата. Повеќето од еколошките проблеми се резултат на исклучително високиот степен на урбанизација и индустријализација, како за градот така и за неговата околина. Гомељ се наоѓа во зоната на бесплатно сместување со повремена контрола на зрачење. На 20 километри североисточно од градот почнува забранета зона која била погодена од катастрофата во Чернобил.Постановление Совета Министров Республики Беларусь от 23 декабря 2004 г. № 1623 «Об утверждении перечня населённых пунктов и объектов, находящихся в зонах радиоактивного загрязнения»
По индексот на загадување на воздухот, Гомељ има зголемено ниво на загадување на 5,0 и го зазема третото место по загаденост во Белорусија по градовите Могиљов и Гродно. Најчестите причини за загадување се формалдехид, флуороводник, фенол, амонијак и јаглерод моноксид. Главни извори на загадување се транспортот, преработката на дрво, и фабриката за минерални ѓубрива и енергија. Имало среден раст на годишната вредност на јаглеродни оксиди што се објаснува со зголемениот број на возила. Средната вредност на другите елементи е во опаѓање.Природная среда Беларуси / под ред. Ф. Ф. Логинова. — Мн.: НОООО БИП-С, 2002. — 424 с.
+Динамика на присуство на одредени елементи во воздухот [мгк/м³] Год. Фенол Амонијак Формалдехид Олово 1991 4,3 689 0,070 1995 2,9 248 0,020 2000 1,5 116 —