Фудбалската репрезентација на Словачка () е национален машки фудбалски тим на Словачка раководен од фудбалскиот сојуз на Словачка. Од 2016 година, натпреварите на домашен терен, словачката репрезентација ги игра на реновираниот стадион Антон Малатинскиј во Трнава, а селектор на репрезентацијата е Јан Козак. Словачката репрезентација го има еден од најмладите фудбалски репрезентации во светот, откако се раздели од репрезентацијата на Чехословачка по распадот на обединетата држава во 1993 година. Од тогаш, Словачка има сопствена фудбалска репрезентација која се натпреварува на сите големи професионални турнири.

Словачка се квалификувала на две големи првенства досега, на Светското првенство 2010 и на Европското првенство 2016. Словачка изборила пласман на Светското првенство 2010 кое се одржало во Јужна Африка завршувајќи на првото место во својата квалификациска група и покрај двата порази од Словенија. Во групната фаза од првенството, Словачка ремизирала со Нов Зеланд и забележала победа од 3–2 над Италија, со што се пласирала во осминафиналето, во кое била поразена од финалистот Холандија со 2–1. Тоа било првпат Словачка да се пласира на големо фудбалско натпреварување, откако играла во секој квалификациски циклус за Светско првенство од 1998 и секој квалификациски циклус за Европско првенство од 1996 година. Словачката репрезентација била на чекор до пласман на Светското првенство 2006, но во баражот била елиминирана од Шпанија. Словачка не успеала да се квалификува за Светското првенство 2014, но обезбедила пласман на Европското првенство 2016 во Франција под водство на селекторот Јан Козак, кој му помогнал на тимот да го постигне рекордното 14. место на ФИФА ранг листата.

Историја Првиот официјален натпревар на првата Словачка Република (1939–1945) бил одигран во Братислава против Германија на 27 август 1939 година и завршил со победа од 2–0 за Словачка. По втората светска војна, фудбалската репрезентација бил вклучен во репрезентацијата на Чехословачка, и повеќе од педесет години Словачка не одиграла натпревар како самостојна држава. Во текот на овој период, во чехословачката репрезентација играле неколку значајни словачки играчи, вклучувајќи го мнозинството од тимот кој го освоил Европското првенство 1976 (8 од 11 играчи во репрезентацијата на Чехословачка која ја победила Западна Германија во финалето биле словаци).

Откако станала незавсна држава, првиот официјален меѓународен натпревар Словачка го одиграла во Дубаи против Обединетите Арапски Емирати на 2 февруари 1994 година, каде забележала победа од 1–0. На првиот натпревар на домашен терен, Словачка забележала победа од 4–1 над Хрватска во Братислава на 20 април 1994 година. Најголемиот пораз по независноста, словачката репрезентација го доживеала на 22 јуни 1995 година, во Мендоса против Аргентина (6–0). Најголемите победи (7–0) Словачка ги остварила против Лихтенштајн во 2004 година и Сан Марино (двапати) во 2007 година.

Во квалификациски циклус за големо натпреварување, Словачка за првпат учествувала во квалификациите за Европското првенство 1996, завршувајќи на третото место во својата група, зад Романија и Франција, остварувајќи по две победи над Полска, Израел и Азербејџан. Во квалификациите за Светското првенство 1998, Словачка завршила на 4. место во својата група со пет победи, едно реми и четири порази.

Словачка настапила на Светско првенство за првпат како независна држава во 2010 година откако завршила на првото место во својата квалификациска група пред Словенија, Чешка, Северна Ирска и Полска. На 14 октомври 2009 година, Словачка го изборила пласманот победувајќи ја Полска со 1–0. На Светското првенство 2010, Словачка го освоила второто место во групата Ф благодарение на победата над бранителот на титулата Италија од 3–2. Со оваа победа Словачка се пласирала во осминафиналето и ја елиминирала Италија од натпреварувањето, која завршил последна во групата. Резултатот од овој натпревар значел дека за првпат во историјата на светските првенства, двата финалисти од претходното првенство биле елиминирани во групната фаза, шампионот Италија и финалистот Франција. Во осминафиналето, Словачка била поразена од Холандија со 2–1, а единствениот гол за Словачка го постигнал најдобриот словачки стрелец на првенството, Роберт Витек, од пенал во последните минути од натпреварот.

Во квалификациите за Европското првенство 2012, Словачка била извлечена во група со Русија, Ирска, Ерменија, Македонија и Андора. Словачка ги започнала квалификациите одлично со две победи од 1–0 над Македонија на домашен терен и против Русија на гости. Следниот месец сепак Словачка била поразена во Ерменија (3–1) и одиграла реми од 1–1 на домашен терен против Ирска.

Во 2011 година Словачка забележала значително полоши резултати: во февруари, репрезентацијата била поразена со 2–1 во пријателски натпревар против Луксембург а потоа забележала две тешки победи од 1–0 над аутсајдерот Андора, кој во претходните четири натпревари примил 11 голови. Потоа во следните два натпревари, Словачка одграла реми без голови против Ирска и доживеала убедлив изненадувачки пораз на домашен терен од Ерменија од 4–0. Во последните два квалификациски натпревари, Словачка загубила од Русија на домашен терен (1–0) и ремизирала 1–1 во Македонија, завршувајќи на 4. место во групата со само седум постигнати голови. Исто така, за првпат во еден квалификациски циклус, Словачка имала негативна гол разлика.

Во квалификациите за Европското првенство 2016, Словачка била извлечена во група со Шпанија, Украина, Белорусија, Македонија и Луксембург. Словачка ги започнала квалификациите со победа од 1–0 над Украина во Киев. На 9 октомври 2014 година, Словачка остварила изненадувачка победа над Шпанија со 2–1 и го преземала првото место во групата. Со победата над Белорусија од 3–1, Словачка го потврдила првото место. Подоцна во квалификациите, Словачка забележала победа од 2–0 над Македонија на арената Филип II, го победила Луксембург со 3–0 во Жилина и повторно Македонија со резултат 2–1 исто така во Жилина. Потоа следел очекуван пораз од Шпанија со 0–2, реми без голови против Украина и изненадувачки пораз од 0–1 против Белорусија. Со победата над Луксембург на гостински терен од 4–2, Словачка го освоила второто место во групата и успеала за првпат да се пласира на едно Европско првенство.

Словачка била извлечена во групата Б на Европското првенство 2016 заедно со Русија, Англија и Велс. Словачка го започнала првенството со пораз од 2–1 од Велс, а потоа на вториот натпревар забележала победа од 2–1 над Русија со головите на Владимир Вајс и Марек Хамшик. Во последниот натпревар од групната фаза, Словачка изиграла реми без голови со Англија и се пласирала во осминафиналето како една од најдобропласираните третопласирани екипи. Во осминафиналето Словачка била поразена од Германија со резултат 3–0.

Прекари Традиционално во Словачка, словачката репрезентација скратено се нарекува Репре (кратко за репрезентација). Сепак, во 2016 година, пред првиот настап на Словачка на Европските првенства, фудбалскиот сојуз на Словачка вовел нов прекар за репрезентацијата. Репрезентацијата го добил прекарот словачки соколи. Помладите фудбалски државни репрезентации биле наречени словачки соколчиња. И покрај слабиот одзив на прекарот кај словачките навивачи, прекарот сепак се користел во текот на првенството и во подоцнежниот квалификациски циклус за Светското првенство 2018 и сега често се користи, посебно во медиумите, заедно со Репре, кој сѐ уште почесто се користи во неформален разговор.http://sportky.zoznam.sk/c/147984/fanusikov-poburil-symbol-reprezentantov-sokoli-skor-lacna-napodobenina-a-plagiat

Меѓународни учества Светски првенства Резултати на светски првенства Резултати во квалификации за светски првенстваГодинаРезултатМесто 1998Не се квалификувала4.105141814 20023.10523169 2006 2.146622614 2010Осминафинале164112571.107122210 2014Не се квалификувала3.103431110 2018Ќе биде утврденоНЕП5302103ВкупноОсминафинале1/5411257 5929141610360

Список на натпревари на светските првенстваГодинаРундаРезултатИсходСтрелци за Словачка2010Групна фаза 1 – 1 НерешеноВитекГрупна фаза 0 – 2 Пораз Групна фаза 3 – 2 Победа Витек (2), КопунекОсминафинале 2 – 1ПоразВитек

Европски првенства Резултати на европски првенства Резултати во квалификации за европски првенстваГодинаРезултатМесто 1996Не се квалификувала3. 10 4 2 4 14 18 20003. 10 5 2 3 12 9 20043. 8 3 1 4 11 9 20084. 12 5 1 6 33 23 20124. 10 4 3 3 7 10 2016 Осминафинале 14. 4 1 1 2 3 62. 10 7 1 2 17 8ВкупноОсминафинале1/6 4 1 1 2 3 660 28 10 22 94 77

Список на натпревари на светските првенстваГодинаРундаРезултатИсходСтрелци за Словачка2016Групна фаза 2 – 1 ПоразДудаГрупна Фаза 1 – 2 ПобедаВајс, ХамшикГрупна фаза 0 – 0 НерешеноОсминафинале 3 – 0 Пораз

Олимписки игри Земја домаќин / ГодинаРезултатИзПобНер*ПорДадГолПриГол 1996Не се квалификувала 2000Групна фаза310236 2004Не се квалификувала 2008 2012 2016Вкупно 1/4310236

Европско првенство 2016 Групна фаза Репрезентација1.6 3 2 0 1 6 3 +32.5 3 1 2 0 3 2 +13.4 3 1 1 1 3 3 04.1 3 0 1 2 2 6 -4

Елиминациона фаза Осминафинале

Моментален состав Следниве играчи беа повикани за квалификацискиот натпревар за Светското првенство 2018 против на 26 март 2017 година.

Настапи и голови до 26 март 2017 година, по натпреварот против .

! colspan="9" bgcolor="#B0D3FB" align="left" |

! colspan="9" bgcolor="#B0D3FB" align="left" |

! colspan="9" bgcolor="#B0D3FB" align="left" |

Статистика Играчите напишани со задебелени букви се сѐ уште активни. До 26 март 2017 година.

Најмногу настапи

#ИграчКариераНастапиГолови1.Мирослав Карган1995–2011107142.Марек Хамшик2007–96203.Мартин Шрктел2004–8964.Јан Ѓурица2004–8745.Роберт Витек2001–82236.Петер Пекарик2006–7427.Станислав Шестак2004–201666138.Филип Холошко2005–6589.Владимир Вајс2009–59610.Силард Немет1996–20065822

Најдобри стрелци

#ИграчКариераГоловиНастапиГолови по натпревар1.Роберт Витек2001–23820.282.Силард Немет1996–200622590.373.Марек Хамшик2007–20960.214.Марек Минтал2002–200914450.31Мирослав Карган1995–2011141070.136.Станислав Шестак2004–201613660.207.Петер Дубовски1994–200012330.368.Љубомир Реитер2001–20059280.32Тибор Јанчула1995–20019290.31Мартин Јакубко2004–20159410.22Адам Немец2006–9280.32Роберт Мак2013–9340.2612.Филип Холошко2005–8650.1214.Филип Шебо2006–20127150.47Јарослав Тимко1994–19977180.39Душан Тител1994–19987440.16

Менаџери 1939–1944 МенаџерДатуми Војтех Заводски1939110020+13.00 Рудолф Ханак1939–1940210154+11.50 Штефан Прибој1940–19414013510−50.08 Штефан Чамбал1941–1942200216−50.00 Фердинанд Даучик1942–194471151024−140.19Вкупно 16 3 2 11 23 44 −21 0.69

1993–денес

МенаџерДатуми Јозеф Венглош6. 4. 1993 – 15. 6. 1995165472130−91.19 Јозеф Јанкоч4. 7. 1995 – 23. 10. 199834186105133+181.76 Душан РадолскиГо предводел тимот против Полска на 10 ноември 1998 година како в.д. селектор10. 11. 1998100113−20.00 Душан Галис1. 1. 1999 – 23. 2. 199900000000.00 Јозеф Адамец26. 2. 1999 – 30. 11. 2001341311103831+71.47 Антон ДрагуњКако асистент менаџер го предводел тимот за време на турнејата во Средна и Јужна Америка17. 11. 1999 – 25. 11. 2001410327−50.25 Станислав ГригаГо предводел тимот за време на Мердека турнирот во 2001 година во Куала Лумпур, Малезија.21. 6. 2001 – 25. 6. 2001310223−11.00 Ладислав Јуркемик1. 2. 2002 – 31. 12. 2003196582726+11.21 Душан Галис 1. 1. 2004 – 12. 10. 200631121275336+171.55 Јан Коцијан2. 11. 2006 – 30. 6. 2008173593028+20.82 Владимир Вајс7. 7. 2008 – 31. 1. 201240168165653+31.40 Михал ХипГо предводел тимот против Турција на 29 февруари 2012 година како в.д. селектор29. 2. 2012110021+13.00 Станислав Грига Михал Хип26. 4. 2012 – 13. 6. 2013123451114−30.92 Јан Козак2 јули 2013–42229116142+191.78Вкупно2541016489355307+481.44

Резултати против други репрезентации Преглед на резултатите на словачката репрезентација со други репрезентации, до 26 март 2017 година по натпреварот против . Југославија и Србија и Црна Гора повеќе не се активни.