мини|Бехемот: Сличен на слон, нилски коњ (хипопотам) или мешавина од овие две животни. Бехемот () — митски ѕвер споменат во Библијата (Јов 40:10–27). Повеќето егзегети (богослови толкувачи) во него гледаат сосема обичен нилски коњ (хипопотам), но во Библијата е запишано дека „само Оној, кој го создал, може“ да се справи со него.

Во македонските преводи на Библијата, зборот „Бехемот“ е заменет со „нилски коњ“.

Во Библијата Бехемотот се спомнува во старозаветната Книга на Јов како моќен, невознемирен ѕвер создаден од Бог, кој „јаде трева како вол“. Иако не е даден негов подробен опис, се наведуваат споредби дека неговите коски се „како бронзени труби“, а екстремитетите „како железни прачки“. Тој може да лежи „под лотосите“, да се крие „во трски и мочуришта“. По својата моќ се споредува со Левијатан.Книга на Јов 40:15– 32

Честопати, Бехемотот се поврзува со нилскиот коњ (хипопотам), но овие две животни имаат забележлива разлика. На Бехемотот му се припишува моќна опашка што се споредува со кедар, додека опашката на нилскиот коњ е мала и слаба. Во Книгата на Јов се тврди дека ниту еден човек не може да го победи Бехемот, додека нилските коњи луѓето ги ловат од дамнина.

Истовремено, Бехемотот има симболично значење: во книгата, Бог му го опишува ова суштество на Јов со цел да му укаже на неговата гордост и на безначајноста на човекот пред другите Божји созданија.

Бехемотот во Новиот завет Бехемотот не се спомнува директно во Новиот завет, но постои пророштво за доаѓањето на Ѕверот од морето и на „друг ѕвер, кој излегол од земјата“. Овој „друг ѕвер“ има два рога, „како на јагне“ и зборува „како змија“. Со лажни чуда тој ги принудува луѓето да му се поклонуваат на првиот ѕвер и да постават идол во негова чест.

Споредувањето на овие животни со апокрифните текстови дава причина да се верува дека двата ѕвера се соодветно Левијатан и Бехемот.

Наводи

Надворешни врски

Бехемот и Левијатан

Категорија:Јов (библиска книга) Категорија:Чудовишта Категорија:Нилски коњи Категорија:Демони во христијанството __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__