Ѓорѓи „Ѓерѓ“ Кастриот ( — ), попознат како Скендербег (бег Александар)За своите воени заслуги, го добил звањето „Искендер Беј“ (бег Александар; тур. İskender Bey, алб. Skënderbeu) споредувајќи ја воената умешност на неговото семејство со Александар Македонски. — една од најзначајните личности во историјата на Албанија и албанскиот народ.
Животопис Рани години thumb|left|Споменик на Скендербег во Скопје. Скендербег е роден во Кроја (денес во Албанија) како Син на Јован Кастриот, тој потекнувал од феудалното христијанско семејство „Кастриоти“. Според англискиот историчар Едвард Гибон, Јован Кастриот бил кнез на Епир,Edward Gibbon, 1788, History of the Decline and Fall of the Roman Empire, Volume 6, Дел за Скендербег на англиски а неговата власт ги вклучувала денешните албански области Матка, Кроја, Мирдита и Дебар.Edwin E. Jacques, The Albanians: An Ethnic History, 1994, p. 179 Неговата мајка Воисава, била кнегињаMarin Barleti, 1508, Historia de vita et gestis Scanderbegi Epirotarum principis, од полошкото семејството „Трибалда“Camille Paganel, 1855, "Histoire de Scanderbeg, ou Turcs et Chrétiens du XVe siècle" или од благородното семејство „Музака“.Hodgkinson, Harry. Scanderbeg: From Ottoman Captive to Albanian Hero. I. B. Tauris. ISBN 978-1850439417 Неговите родители имале девет деца, од кои Ѓерѓ бил најмалиот син, а неговите браќа се викале Станиша, Репош и Костандин, додека неговите сестри Мара, Јелена, Анѓелина, Влајка и Мамица.
Јован Кастриот, како византиски вазал кој се борел против Османлиите, за да ги задржи поседите во средна Албанија и во дебарската област, ги дал своите синови како заложници кај султанот. Таму, децата биле потурчени, а Ѓорѓи го добил името Скендер и ја променил својата вера во Ислам. Подоцна, децата на Јоан Кастриот ја загубиле наклонетоста на султанот Мурат II и тој ги отрул тројцата браќа на Скендер.Rendina, Claudio (2000). La grande enciclopedia di Roma. Rome: Newton Compton. ISBN 88-8289-316-2.Георги Сталев, „Предговор за Прличевата поема Скендербег“, во: Григор Прличев, Скендербег. Кочо Рацин, Скопје, 1961, стр. 7-8. Скендер завршил воена школа во Одрин, а потоа војувал во турската војска при што остварил многу победи за Отоманското Царство во борбите против христијанските народи поради што Јоан Кастриот морал да им се извини на Венецијанците поради активноста не неговиот син. За своите воени заслуги, го добил званието „Искендер Беј“ („бег Александар“ — тур. İskender Bey, алб. Skënderbeg) споредувајќи ја воената умешност на неговото семејство со Александар Македонски.Георги Сталев, „Предговор за Прличевата поема Скендербег“, во: Григор Прличев, Скендербег. Кочо Рацин, Скопје, 1961, стр. 8.
Востанието против Османлиите мини|лево|Опсада на Кроја (1450) мини|лево|Црквата „Св. Никола“ во Леска претставува почивалиште на Скендербег По битката против Јанош Хуњади кај Ниш во 1443 година, наместо да се врати кај султанот, Скендербег ја напуштил турската војскаJames Emerson Tennent, 1845, The History of Modern Greece, from Its Conquest by the Romans B.C.146, to the Present Time, заминал во Кроја и преминал во христијанството. Тој кренал востание во Дебарско и се прогласил за господар на земјата со која владеел татко му при што создал сојуз со повеќе соседни христијански владетели, а султанот трипати испратил воени експедиции кои безуспешно ја напаѓале Кру. По смртта на султанот Мурат, неговиот син Мехмед II ги продолжил борбите против Скендербег, но тој веќе зајакнал и ги проширил границите на својата држава. Така, тој ги освоил градовите Драч, Белград и Леска, кои претходно биле под власт на Венеција. Исто така, тој му помогнал на кралот Алфонс V да ги одбие турските напади во 1466 година, а отишол дури и кај папата Павле II за да бара помош. Таму, тој бил примен срдечно и бил одликуван со орденот „Рицар на христијанството“, но не ја добил ветената помош. Последната османлиска опсада на Кроја била извршена во 1467 година, а ја предводел познатиот турски водач Балабан-паша. Скендербег умрел од треска на 17 јануари 1468 година во Љеш, каде што бил закопан во катедралната црква „Св. Никола“.Георги Сталев, „Предговор за Прличевата поема Скендербег“, во: Григор Прличев, Скендербег. Кочо Рацин, Скопје, 1961, стр. 8-9.
Скендербег како мотив во уметноста „Скендербег“ — поема на македонскиот поет Григор Прличев.Григор Прличев, Скендербег. Кочо Рацин, Скопје, 1961. „Мојот Скендербеј“ — роман на македонскиот писател Драги Михајловски.
Наводи
Категорија:Родени во 1405 година Категорија:Починати во 1468 година Категорија:Владетели на Албанија Категорија:Отомански воени лица Категорија:Отомански управители Категорија:Албански римокатолици