Треската или ендогена хипертермија е состојба која настанува поради нарушување во центарот за терморегулација во хипоталамусот кој започнува да функционира на повисоко ниво под дејство на пирогени.

Диференцијална дијагноза Треската е чест симптом на многу состојби: инфективна болест разни кожни воспаленија имунолошки болести канцери метаболички нарушувања

Пирогени Пироген е супстанца која индуцира треска. Тие можат да бидат внатрешни (ендогени) или надворешни (егзогени) за организмот. Бактериската супстанца липополисахарид (LPS), присутна во клеточниот ѕид на грам-негативните бактерии, е пример за егзоген пироген. Пирогеноста може да варира: во екстремни случаи, некои бактериски пирогени познати како суперантигени може да предизвикаат брзопрогредирачка и опасна треска.

Наводи

Категорија:Симптоми