Антони Жоран Марсијал (роден на 5 декември 1995 година) — француски фудбалер, напаѓач на Монтереј и на француската репрезентација.
Тој започнал да се занимава со фудбал во младинските категории на КО Лес Улис каде што некогаш првите чекори ги направиле и Тјери Анри и Патрис Евра. На 14 годишна возраст тој бил забележан од скаутите на Лион, и истата година се пресели во академијата за млади играчи на клубот. На 30 јуни 2013 година тој се преселил во Монако за 6 милиони евра. По две сезони во Монако каде се афирмирал како играч, во 2015 година Манчестер Јунајтед ја откупил клаузулата од неговиот договор во вредност од 36 милони евра, а обесштетувањето може да порасне до 57 милиони евра во зависност од неговиот настапи. Ова била највисоката сума платена за еден тинејџер во фудбалската историја, дури и без потенцијалниот пораст.
Марсијал ги има поминато речиси сите млади категории на француската репрезентација, а своето деби за сениорската селекција го имал во 2015 година. Тој бил повикан во составот и за Европското првенство 2016 на кое Франција како домаќин стигнала до финалето во кое загубила од Португалија.
Во 2015 година Марсијал ја добил наградата Златно момче за најдобар играч во Европа под 21 година.http://www.manutd.com/en/News-And-Features/Football-News/2015/Dec/Manchester-United-striker-Anthony-Martial-wins-Golden-Boy-award-for-best-young-player-in-Europe.aspx
Животопис Потеклото на Марсијал е од Гваделуп. Неговиот постар брат Јохан Марсијал, е професионален дефанзивец на Троја кој настапуваше за француската репрезентација под 21 години. Неговиот друг постар брат Дориан настапува за сениорскиот тим на Лес Унис...Семејството Марсијал има поставено висок акцент на образованието на нивните деца Неговите тренери во младоста го опишуваат како срамежлива и тивка личност.
Технички одлики Тој игра на позицијата напаѓач, но честопати тренерите го користат и како крилен напаѓач.
Титули Клупски Манчестер Јунајтед ФА Куп (1) : 2015–2016 Лига куп (1) : 2016-2017 Лига Европа (1) : 2016-2017 Комјунити Шилд (1) : 2016
Репрезентативни Франција Европско првенство : вицешампион 2016
Наводи
Надворешни врски
France profile at FFF Just Football profile
Категорија:Француски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Монако Категорија:Фудбалери на ФК Олимпик Лион Категорија:Фудбалери на ФК Манчестер Јунајтед Категорија:Фудбалери на ФК Севиља Категорија:Фудбалери на ФК АЕК Атина Категорија:Фудбалери на ФК Монтереј Категорија:Фудбалери од Примера Дивисион (Мексико) Категорија:Родени во 1995 година