Ариел Максимилијано Ричезе Аракистаин (; р. во ) — аргентински професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата . Ричезе го освоил сребрениот медал на Панамериканските игри 2015 во Торонто (екипна потера). Неговите браќа Роберто, Мауро и Адријан се исто така велосипедисти.

Животопис

Во првата сезона како професионалец завршил втор на последната етапа на Џиро д’Италија 2006, само неколку сантиметри зад Роберт Ферстер. Се смета за аргентински возач со најдобар резултат на некоја од трите големи трки, не сметајќи ги асимилираниот Лизје Пети Бретон кој возел за Франција, Хуан Антонио Флеча, роден во Аргентина, но возел за Шпанија и Алехандро Борахо, кој завршил како трет, исто така на Џиро.

На Џиро д’Италија 2007, Ричезе завршил трет на третата етапа и втор на етапите 18 и 21, сите освоени од Алесандро Петаки. Но, по дисквалификацијата на Петаки во мај 2008 година за допинг, Ричезе бил прогласен за победник на етапите 18 и 21 на Џиро.

Помеѓу неговите други достигнувања се првото место на првата етапа и други втори места на Тур де Лангкави 2006 и Трофео Арведи 2005. Исто така, во 2005 година го освоил Панамериканското друмско првенство под 23 години, а во 2003 година станал аргентински друмски првак под 23 години.

Во 2010 година ја добил наградата Конекс како еден од петте најдобри велосипедисти во последната деценија во Аргентина.

Во октомври 2015 година, по поминати 11 сезони со италијански екипи, белгиската екипа објавила дека Ричезе ќе им се приклучи од 2016 година на двегодишен договор со улога за водечки помошник за Марсел Кител и Фернандо Гавирија. По четири години без победи, ја освоил четвртата етапа на Тур де Свис 2016, како и бодовниот пласман за новата екипа.

Допинг

Пред почетокот на Џиро д’Италија 2008, Ричезе излегол позитивен на тестот за стероид станозолол, што предизвикало да биде исфрлен од трката. Иако бил прогласен за невин од Аргентинската велосипедска федерација, добил суспензија од две години од Арбитражниот суд за спорт.CQ Ranking

Достигнувања

2003 1. 20п Национално велодромско првенство - кило 2. Краен пласман Класика дел Оесте-Добле Брагадо 1. Етапа 6 2004 Вуелта Сиклиста Лидер ал Сур 1. Етапа 2а 1. Етапа 4а 1. Етапа 2 Класика дел Оесте-Добле Брагадо 2005 1. 15п Панамериканско друмско првенство под 23 години 1. Сиркуито дел Порто Класика дел Оесте-Добле Брагадо 1. Етапа 1 1. Етапа 6б 1. Етапа 2 Џиро дел Венето 1. Етапа 9 Вуелта а Сан Хуан 2. Национално друмско првенство под 23 години 2. Пикола Копа Агостони 7. Гран Премио дела Либерационе 2006 1. Етапа 1 Тур де Лангкави 2007 1. Етапа 1 Трка околу Луксембург 1. Етапа 2 Тур де Лангкави 1. Етапа 4 Џиро дел Трентино 1. Етапа 4 Вуелта а Сан Хуан 4. Гран при де Рен 5. Гран Премио Чита ди Мизано - Адријатико 2008 1. Етапа 2 Тур де Сан Луис 1. Етапа 7 Трка околу Турција 3. Трофео Лаигвелја 4. Џиро ди Тоскана 6. Џиро дел Пиемонт 7. Гран при де Рен 9. Краен пласман Сиркуит де ла Сарт 1. Етапа 5 2011 Околу Словачка 1. 20п Бодовен пласман 1. Етапа 1 1. Етапа 6 1. Етапа 7 4. Краен пласман Тур де Кумано 1. Пролог 5. ГП Крањ 6. Гран Премио дела Коста Етруски 2012 1. 15п Панамериканско друмско првенство 1. 20п Краен пласман Тур де Хокаидо 1. 20п Бодовен пласман 1. Етапа 2 1. Етапа 3 Трка околу Србија 1. 20п Бодовен пласман 1. Етапа 1 1. Етапа 5 1. Етапа 6 1. Етапа 1 Трка околу Јапонија 3. Краен пласман Тур де Кореја 3. Копа Берноки 4. Краен пласман Џиро дела Провинчија ди Реџо Калабрија 5. Краен пласман Тур де Кумано 1. 20п Бодовен пласман 1. Етапа 1 5. Гран Премио дела Коста Етруски 8. Краен пласман Вуелта а Венецуела 1. 20п Бодовен пласман 1. Етапа 1 1. Етапа 7 1. Етапа 8 1. Етапа 10 2013 Панамерикански велодромски првенства 1. 20п Скреч 1. 20п Екипна потера 1. Пролог Вуелта а Сан Хуан 2015 2. 15п Панамерикански игри - екипна потера 2016 Тур де Свис 1. 20п Бодовен пласман 1. Етапа 4 1. Етапа 1 (ТТТ) Тур де Сан Луис 2. Трка околу Франкфурт 3. ГП Импанис-Ван Петегем 2017 Вуелта а Сан Хуан 1. Етапа 6 1. Етапа 7 5. Париз-Тур 6. Јуроајс Класик 8. Трка околу Франкфурт 2018 1. Етапа 1 Трка околу Турција 1. Етапа 4 Вуелта а Сан Хуан 2. 15п Панамерикански игри - друмска трка 2019 1. 15п Панамерикански игри - друмска трка 1. 20п Национално друмско првенство

Распоред на резултатите на големите трки

Големи трки 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021 2022 20п Џиро13892—————————148—— СО 137 142 20п Тур——————————144—135 149——— 20п Вуелта———————141138152——— 148———

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Аргентински велосипедисти Категорија:Луѓе од Буенос Аирес Категорија:Родени во 1983 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Олимписки велосипедисти на Аргентина Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2012 Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2016