Маркус Рашфорд (роден на 31 октомври 1997 година, во Манчестер) — англиски фудбалер, напаѓач на Барселона, на заем од Манчестер Јунајтед, и на англиската репрезентација.

Рашфорд ја започнал својата кариера во Манчестер Јунајтед доаѓајќи во клубот на седумгодишна возраст, а своето деби за првиот тим го направил во февруари 2016 година, постигнувајќи притоа два гола во победата со 5-1 над Митјиланд во УЕФА Лига Европа. Три дена подоцна, тој дебитирал со гол и во Премиер лигата во натпреварот против Арсенал. Во досегашната кариера со Јунајтед, Рашфорд ги освоил ФА Купот, Лига купот, ФА Комјунити Шилд и УЕФА Лигата на Европа.

Рашфорд постигна гол на своето деби за Англија во мај 2016 година, станувајќи најмладиот играч кој постигнал гол во својот прв репрезентативен настап за сениорската репрезентација на оваа земја. Оттогаш тој настапил на две Европски првенства; во 2016, каде што бил најмладиот играч учесник на турнирот, и 2020, каде што настапил и во финалето во кое Англија загубила на пенали од Италија. Тој, исто така, ја претставувал својата земја и на две Светски првенства во 2018 и 2022 година, постигнувајќи досега вкупно три гола на Мундијалите (сите на вториот).

Биографија Маркус Рашфорд е роден на 31 октомври 1997 година, во Манчестер, каде што и израснал. Тој има јамајканско потекло по својот татко додека неговата мајка е од Свети Китс и Невис.

Рашфорд потекнува од семејство од работничка класа; неговата мајка Мелани Мејнард, е самохран родител која често морала да работи на повеќе работни места за да го прехрани своето семејство. Тој има четири постари браќа и сестри; двајцата браќа, Двејн Мејнард и Дејн Рашфорд, и двајцата професионално го застапувале, и две сестри Шантел и Клер. Маркус, исто така, му е братучед на колегата фудбалер Лоис Мејнард, кој моментално игра за како играч од средниот ред.

Отсекогаш навивач на неговиот локален фудбалски клуб Манчестер Јунајтед, Рашфорд израснал во семејство поделено меѓу навивачи на Јунајтед и на нивните градски ривали, Манчестер Сити.

Титули Клупски Манчестер Јунајтед ФА Куп : 1 2015-2016 Лига куп : 1 2016-2017 ФА Комјунити Шилд : 1 2016 Лига Европа : 1 2016-2017

Поединечни Тим на сезоната на УЕФА Лига Европа: 1 2019-2020 The Guardian Фудбалер на годината: 2020

Наводи

Надворешни врски

Marcus Rashford profile at the Manchester United F.C. website Marcus Rashford profile at the Football Association website

Категорија:Англиски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Манчестер Јунајтед Категорија:Фудбалери на ФК Астон Вила Категорија:Фудбалери на ФК Барселона Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Родени во 1997 година Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2026