Гари Александар Невил (роден на 18 февруари 1975 година) — англиски фудбалски тренер и поранешен фудбалер. Тој исто така моментално е ко-сопственик на Солфорд Сити. Тој се пензионирал од фудбалот во 2011 година, и подоцна стана коментатор за Скај Спорт, сè додека не ја презел позицијата тренер на во шпанската Валенсија. Откако бил отпуштен од страна на клубот во 2016 година, тој се врати на својата позиција како критичар на Скај Спорт во истата година.
Невил ја поминал целата своја играчка кариера во еден клуб, Манчестер Јунајтед. Во времето на неговото пензионирање во 2011 година, тој бил фудбалер со вториот најдолг стаж во клубот, зад долгогодишниот соиграч Рајан Гигс, и ја имал честа да биде капитен на клубот пет години. Тој е еден од најпознатите англиски и европски фудбалери на сите времиња, кој има освоно вкупно 20 трофеи, вклучувајќи осум титули во Премиер лигата и две во Лигата на шампионите.
Невил го имал своето деби за англиската репрезентација во 1995 и бил прв избор на десната бековска позиција повеќе од 10 години, претставувајќи ја Англија на две Европски првенства и две Светски првенства. За репрезентацијата на Англија има забележано 85 настапи.
Невил е постар брат на својте брат и сестра близнаци, поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед и Евертон Фил Невил и сестрата Трејси Невил, поранешен нетбол играч.
Наводи
Надворешни врски
Profile ManUtd.com Profile StretfordEnd.co.uk
England FA profile
Категорија:Англиски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Манчестер Јунајтед Категорија:Тренери на ФК Валенсија Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1975 година