Освалдо Николас Фабијан "Нико" Гајтан (роден на 23 февруари 1988 година) — аргентински фудбалер, играч од средниот ред на Даљен Ифан и на аргентинската репрезентација.
Тој е производ на Бока Јуниорс, кој подоцна се приклучи на Бенфика во Португалија, каде што тој освои три титули во Примеира лигата, една во Купот на Португалија, пет во Лига купот и еден Суперкуп, сето тоа во шест сезони играјќи за Бенфика.
Клупска кариера Бока Хуниорс Роден во Сан Мартин, Буенос Аирес, Гајтан започна како играч, во редовите на Бока Хуниорс, откако влезе во малдите категории на 13 годишна возраст, но поради мала минутажа и сомнежи со неговата иднина тој се пресели во Бенфика. Своето деби го направи на 1 јуни 2008 година во победата од 3–1 против Арсенал ди Саранди, и ги постигна првите два гола во аргентинската Примера, во победата од 3-0 против Клуб де Атлетико Хуракан.
На 23 септември 2008 година Гајтан постигна својот прв гол на меѓународните турнири, на Копа Судамерикана против Депортиво Кито. Два дена подоцна, тој повторно се запиша во списокот на стрелците, во 4-2 победата над Њувел Олд Бојс.
Гајтан погоди 7 пати на 33 натпервари во сезоната 2009–10 во аргентинската Примеира со Бока, каде што по завршувањето на сезоната реши да го напушти клубот.
Бенфика На 3 мај 2010 година тој потпиша договор за 8.4 милиони евра и дојде како замена за Анхел Ди Марија кој беше продаден во Реал Мадрид. Неговиот трансфер е втор најскап трансфер после,Оскар Кардозо за €11.6 милиони евра. Тој го имаше официјалното деби против Национал играјќи 66 минути во поразот од 1-2. Својот првенец гол за Бенфика го постигна против Асоциацио Навал 1 де Маио на 14 неомври во победата од (4–0).
Гајтан ја заврши својата прва сезона 2010-11 со Бенфика со одиграни 48 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи девет пати каде што заврши на второто место во португалското првенство и ја освои Така лигата на. За неговите настапи, тој беше прогласен за Португалски играч на годината.
Во сеозната 2011-12 во Лигата на Шампионите, Гаитан ја предводеше Бенфика до нокаут фазата. Во 2013-14 година во првата португалска лига тој придонесе со осум гола за неговиот тим да освои тројната круна. Неговите перформанси беа за пофлеба во текот на целата сезона. На 31 август 2014 година, Гајтан го постигна својот прв гол во сезоната против Спортинг Лисабон, додека, исто така, беше именуван за "играч на натпреварот'.
На 11 ноември 2014 година, тој го продолжи договорот со Бенфика до 30 јуни 2018 година и се постави клаузула за ослободување од 35 милиони евра. На 30 септември 2015 година, Гајтан го постигна првиот гол, а подоцна асистираше за вториот гол во победата над Атлетико Мадрид со (1-2) во Лигата на Шампионите. На 9 декември 2015 година, тој потпиша подобрен договор до јуни 2019 година, со зголемување на клаузула за негово ослободување до 45 милиони евра . По завршување на сезоната 2015-2016, тој одлучи да се пресели на Висенте Калдерон во тимот на Атлетико Мадрид.
Атлетико Мадрид На 16 јуни 2016 година, Бенфика и Атлетико Мадрид се договорија за трансферот на Гајтан за 25 милиони евра, со тоа што договорот да биде потпишан по медицински прегледи во јули. Неговата официјална презентација се одржа на 19 јули на Висенте Калдерон стадионот .
Репрезентативна кариера Гајтан го направи своето репрезентативно деби за Аргентина на 30 септември 2009 година, како замена на резултат од 2-0 во победата против Гана, а првиот свој старт тој го направи во победа против Костарика на 26 јануари следната година. За време на мандатот на Серхио Батиста, тој забележа три настапи против Костарика, Нигерија и Полска. Со Сабела, Гајтан не беше во изборот на тимот, но со именувањето на Херардо Мартино, тој се врати по 2-годишно отсуство, играјќи ги последните минути, откако го замени Серхио Агуеро на 3 септември 2014 година во победата против фудбалската репрезентација на Германија.
Наводи
Надворешни врски
Benfica official profile Argentine League statistics Stats at Historia de Boca
Категорија:Родени 1988 Категорија:Аргентински фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Атлетико Мадрид Категорија:Фудбалери на ФК Бенфика Категорија:Фудбалери на ФК Чикаго Фајр Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1988 година