Кристијан Константинов Костов (, ) (, ) - руски и бугарски пејач. Бил финалист на првата сезона на руското музичко натпреварување Голос. Дети и второпласиран во четвртата сезона на бугарската верзија на музичкото шоу X Factor. Ја претставувал Бугарија на Евровизија 2017 во Киев каде завршил второпласиран со освоени 615 бода.
Животопис Кристија Костов се родил на 15 март 2000 година во Москва. Неговата мајка Заура е со казахстанско, а татко му Константин, со бугарско потекло. Од раното детството Кристијан покажал особен интерес за музиката, па родителите одлучиле да го запишат во детскиот вокален ансамбл Њипасед. По настапот на Евровизија 2017 и завршување на средното училиште, школувањето ќе го продолжи на Музичкиот колеџ Беркли во Бостон.
Музичка кариера Во 2006 година откога ја поминал аудицијата, Кристијан станува член на детската група Њипасед и оттогаш започнува неговото музичко образование. Истата година заедно со руската пејачка Јулија Началова одржал бројни концерти на различни локации во Москва. Заедно со групата Њипасед имал турнеја по Русија и во странство каде учествувале на бројни фестивали. Во 2009 година со негов настап била отворена Евровизија 2009 во Москва.
Во 2011 година, го освоил Гран при на детското меѓународно натпреварување Sound Kids. Наредната година ја претставувал Бугарија на детскиот фестивал Нов бран каде го зазел 7. Место. Во октомври истата година учествувал во детскиот телевизиски музички проект Школа музыки, каде настапувал со бројни познати пејачи како што е Батихан Шукенов, при што го освоил третото место
Во 2014 година учествувал во првата сезона на детското музичко натпреварување Голос. Дети на кое се пласирал во финалето. Ментор му бил рускиот пејач Дима Билан]]. Во 2015 година учествувал во бугарската верзија на X Factor, каде во финалето го освоил второто место.17-годишен финалист от X Factor ще претставя България на «Евровизия» — Dnevnik.bgЗвездата от X Factor Кристиан Костов ще претстави България в Евровизия 2017 (ВИДЕО)
Во 2016 година склопил договор со издавачката куќа Вирџинија рикордс. На 7 октомври 2016 година ја издал песната Не си за мен(Не си за мене), која станала хит на бугарските радиостаници.Младият музикален идол Кристиан Костов с дебютна песен На 13 јануари 2017 година издадена е англиската верзија на песната со име You Got Me Girl.
На 13 март 2017 година официјално е објавено дека Кристијан ќе ја претставува Бугарија на изборот на Евровизија 2017 во Киев. Жрепката одлучила дека ќе настапи во второто полуфинале каде се претставил со песната Beautiful Mess. Воедно тој е и најмладиот учесник на ова издание на натпреварувањето. Во финалето го зазел второто место освојувајќи 615 бода.
Дискографија Ready to Fly (2015) Слушай дождь (2015) Не си за мен (2016) Вдигам Level (2016) You Got Me Girl (2017) Beautiful Mess (2017)
Спотови
Спот Година Режисер Не си за мен/You Got Me Girl 2016 Васил Стефанов Вдигам левел 2016 Људмил Иларионов-Љуси Beautiful Mess 2017 Људмил Иларионов-Љуси The One (I Need You) 2018 Даниел Костов,Maria Erke,Михаил Максимов Get it 2019 Иван Москов Honest 2020 Иван Москов Thinking 2020 Kiyashqo Built Different 2021 Kiyashqo,Даниел Костов
Поврзано Бугарија на Евровизија Евровизија 2017
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Руски пејачи Категорија:Бугарски пејачи Категорија:Учесници на Евровизија