Палатинуш () — езеро во Унгарија во жупанијата Комаром-Естергом, покрај градот Естергом.
Локација
Околните жители езерото го викаат Пала, а официјалното име е Шаторкепустаи Езеро (). Тоа е најголемо езеро на Естергом и се наоѓа покрај градот Дорог, на една од падините на Пилиш Планина.
Езерото е едно од најчистите во Унгарија, со вода се снабдува од своите длабински извори, а вишокот заминува преку канал кој го спојува со потокот Кењермезеи.
Историја Езерото е вештачко. Настанало во педесеттите години на минатиот век со ископување песок за потребите на околните рудници. Својата чистота му ја должи на песокот кој станал природен филтер.
Веќе во 1953 година било основано здружение на риболовци, кое водело грижа за порибување на езерото.
Северната страна на езерото, со уредени плажи, служи за капење, додека јужната страна ја користат риболовците.
Просечната температура на езерото во лето е 19 °C.
Категорија:Езера во Унгарија