Гаетано Белони (; — ) — италијански професионален друмски велосипедист.
Најзначајни моменти од неговата кариера биле победата во 1920 година на Џиро д’Италија, двете победи на трката Милано-Санремо (1917 и 1920) и три победи на Џиро ди Ломбардија (1915, 1918 и 1928).
Белони е роден во Пицигетоне, во близина на Кремона и го имал своето деби во светот на друмскиот велосипедизам во пресрет на неговиот постар брат Амлето. Како аматерски велосипедист, во 1914 година ја освоил „Малата“ Џиро ди Ломбардија и Купот дел Ре, како и италијанското првенство.
Избегнувајќи да биде повикан во Првата светска војна, Белони ја освоил изненадувачки Џиро ди Ломбардија во 1915 година (подвиг кој тој го повторил во 1918 и 1928 година) и Милано-Санремо од 1917 година.
Во 1920 година ја освоил својата најголема победа, Џиро д’Италија. Во 1920 година на Белони постојано му конкурирал неговиот пријател Костанте Гирарденго, кој секогаш го поразувал и со тоа го стекнал прекарот „Вечно втор“ (Eterno Secondo).
Освоил вкупно 43 трки, како професионалец, вклучувајќи и 12 етапи на Џиро д’Италија.
Надворешни врски
Категорија:Родени во 1892 година Категорија:Починати во 1980 година Категорија:Италијански велосипедисти Категорија:Победници на Џиро д’Италија Категорија:Италијански етапни победници на Џиро д’Италија