Ѓорѓи Оровчанец (роден на во Прилеп) — македонски лекар, професор и политичар. Во периодот од 13 мај 2001 до 1 ноември 2002 година бил министер за здравство на Република Македонија.

Биографија

Ѓорѓи Оровчанец е доктор по медицински науки - специјалист по оториноларингологијаwww.remedika.com.mk. Работел како универзитетски професор. Во периодот по Воениот конфликт во Македонија бил министер за здравство. По поразот на ВМРО-ДПМНЕ на изборите во 2002 година, Оровчанец бил избран за пратеник во парламентарниот состав од 2002 до 2006 година. По повлекувањето на Љубчо Георгиевски од водачката функција на ВМРО-ДПМНЕ и основањето на ВМРО-НП, Оровчанец станал член на новоформираната партија и влегол во пратеничката група на партијата по изборите во 2006 година. На 1 март 2007 година Оровчанец објавил дека ја напушта партијата. Во ноември 2007 година Оровчанец ја основал партијата Нова алтернатива, а тој станал нејзин претседател www.utrinski.mk.

Како пратеник бил член на Комисијата за надворешна политика и Комисијата за здравство, како и член на пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Данска и Република Индонезија www.sobranie.mk.

Ѓорѓи Оровчанец професор на ЈЗУ Универзитетска клиника за уво, нос и грлоwww.medf.ukim.edu.mk и работи во клиниката Ре-медика.

Поврзано Министер за здравство на Република Македонија

Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Министри за здравство на Република Македонија Категорија:Македонски лекари Категорија:Политичари од Прилеп Категорија:Политичари од Демократска алтернатива Категорија:Политичари од ВМРО-ДПМНЕ Категорија:Политичари од ВМРО-НП Категорија:Пратенички состав 2002-2006 Категорија:Пратенички состав 2006-2008 Категорија:Политичари од Нова алтернатива Категорија:Професори на Медицинскиот факултет - Скопје