Горан Трајкоски (21 ноември 1963, Титов Велес, СФРЈ) — македонски музичар, најпознат како основач и водач на групата „Анастасија“.
Образование Основното и средното образование ги завршил во Велес, Струга, Охрид и Скопје. Студирал на Филолошкиот факултет, на групата англиски јазик и книжевност. Од крајот на 1980 до почетокот на 1990 година, работел како новинар во Македонската радио-телевизија - Македонско радио и во Канал 103 во областа на македонската народна и современата музика.
Музичка кариера Трајкоски нема формално музичко образование, а со музика почнал да се занимава од крајот на 1970-те, кога во Струга членувал во панк-групата „Афективен набој“. По преселбата во Скопје, свирел во групата „Сарацени“, а во 1983 година ја формирал групата „Падот на Византија“. Исто така, бил член и на групите „Мизар“ и „Апореа“, за потоа да ја основа групата „Анастасија“. Со групите „Анастасија“ и „Мизар“ настапувал на музичките фестивали и сцени низ сите поголеми европски градови. Со Македонската изворна народна музика се запознал благодарение на народните уметници Вања Лазарова и Пеце Атанасовски, а со црковната и источноправославното пеење со посредство на отците Владимир и Стефан Санџакоски.
Со групата „Мизар“, Трајкоски работел на нивниот прв албум од 1988 година. Со групата „Анастасија“ ги објавил следниве албуми: На реките вавилонски/Премин (EP), издание на „Дом“ од Ниш и „Poeta Negra“ од Солун, 1989 Before The Rain - sountrack, Polygram France, 1995 Melourgia - Libra Music, 1997 Face/Burn (EP) - Third Ear Music, 1998 Nocturnal - Libra Music/Third Ear Music, 1999
Во 2011 година, заедно со Елена Христова, Трајковски го објавил албумот „Bioscopia“.Elena Hristova, Goran Trajkoski, Bioscopia, SJF Records 131, 2011.
Со театарска музика се занимава од крајот на 1980-те при што, самостојно или како член на групата „Анастасија“, компонирал музика за претстави во театрите во Србија, Босна и Херцеговина, Грција и Македонија. Притоа, соработувал со театарските режисери: Владо Цветановски, Сашо Миленковски, Владимир Милчин, Јани Бојаџи, Бранко Брезовац, Раик Алниачик и Златко Славенски. Меѓу другите, тој ја компонирал музиката за театарските претстави: „Мартолозот“ „Ајант“ „Г-ца Јулија“ (КПГТ-Суботица) „Буре барут (Аморе театар-Атина) „Хамлет, „Розенкранц и Гилдестерн се мртви“, Собрани дела на Шекспир (Драмски театар-Скопје); „Еригон, „Пер Гинт“, „Црна дупка“ (МНТ-Скопје)
Тој има компонирано и музика за филм на Пред дождот (1994) на Милчо Манчевски, Среќна Нова 1903 (2013), Ругање со Христос (2018) и Кино Љубов (2022) на Јани Бојаџи.
Надворешни врски Изданија во кои Горан Трајкоски учествувал како музички автор и изведувач евидентирани од ВБУ Музички Регистар.
Наводи
Категорија:Македонски музичари Категорија:Македонски новинари Категорија:Мизар Категорија:Анастасија (музичка група) Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1963 година Категорија:Луѓе од Велес