Даниел Карвахал Рамос (; р. на ) — шпански фудбалер, кој игра како десен бек и настапува за шпанскиот Реал Мадрид.

Клупска кариера Реал Мадрид Кастиља Карвахал влегува во академијата на Реал Мадрид на десетгодишна возраст и игра во сите формации на клубот. Во текот на 2010 година стига до вториот тим на клубот – Реал Мадрид Кастиља.

Во својата прва сезона за резервниот тим, Карвахал станува стартер и ја презел капитенската лента. Во следната сезона, 2011/12, одигрува 38 натпревари и постигнува два гола, помагајќи му на тимот да се врати во Сегунда дивисион после петгодишно отсуство.

Бајер Леверкузен На 11 јули 2012 година, Карвахал преминува во германскиот Бајер Леверкузен, со договор на 5 години. Клаузула во договорот за продажба му дава право на Реал да си го врати Карвахал за сума од 6,5 милиони евра по една сезона, 7 милиони евра по две и 8 милиони евра по три сезони.El Bayer Leverkusen confirma el fichaje de Carvajal; Abc.es

Карвахал дебитира за Леверкузен на 1 септември 2012 година со победата со 2 : 0 на домашен терен против Фрајбург. На 25 ноември 2012 година го постигнува својот прв гол за клубот, постигнувајќи го вториот гол за победа од 2 : 1 над Хофенхајм.

Реал Мадрид Во 2013 година преминува во тимот на Реал Мадрид за сума од 6,5 милиони евра, согласно клаузулата од договорот за трансфер со Бајер Леверкузен. На 8 јули 2015 година го обновува договорот со Реал Мадрид до 30 јуни 2020 година.Comunicado Oficial: CarvajalCarvajal, en el Real Madrid hasta 2020

Репрезентативна кариера Карвахал настапува за Шпанија до 18 години, Шпанија до 19 години и Шпанија до 21 година, а на 2 септември 2014 година дебитира за првиот тим на репрезентацијата на Шпанија на пријателскиот меч со репрезентацијата на Франција загубен со 1 : 0 на гости.France 1 – 0 SpainFrance 1 – 0 Spain: Chelsea striker Loic Remy inflicts more misery on Vicente del Bosque as Les Bleus run out deserved winnersNew era stutters for Spain

Успеси Клупски Реал Мадрид Кастиља

Сегунда дивисион Б: 2011/12

Реал Мадрид

Куп на Шпанија (1): 2013/14 Лига на шампионите (2): 2013/14, 2015/16 Суперкуп на Европа – (1): 2014 Светско клупско првенство – 2014

Национални Европско првенство во фудбал за играчи под 19 години: 2011

Наводи

Надворешни врски Профил на BDFutbol Профил на мрежното место на Реал Мадрид Профил на Transfermarkt

Категорија:Шпански фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Реал Мадрид Категорија:Фудбалери на ФК Баер Леверкузен Категорија:Фудбалери на Реал Мадрид Кастиља Категорија:Живи луѓе