мини|Манастирот „Св. Сава Осветен“ во долината Кидрон мини|Ридови на Јудејската Пустина

Јудејска Пустина ( Мидбар Јехуда, Сахара Јахудан) — пустина во Израел и Западниот Брег која го зафаќа просторот источно од Ерусалим и се спушта до Мртвото Море. Се протега од североисточниот дел на пустината Негев до подрачјето источно од Бејт Ел, и се одликува со бројни тераси со косини. Завршува со стрмна косина која запира во Мртвото Море и Јорданската Долина. Пустината ја сечат разни вади (долови со повремени водотеци) од североисток и југоисток и многу кланци, со длабочина од 36 м на запад до 18 м на исток. Пустината е подрачје со посебен морфолошки состав долж источната страна на Јудејските Планини.

Пустината понекогаш се нарекува Јешимон, што значи пустина или дивина, Дивина на Јуда или Дивина на Јудеја.

Местоположба и клима Јудејската Пустина е сместена источно од градот Ерусалим и се спушта кон Мртвото Море. Поважни градски центри на ова подрачје се Ерусалим, Витлеем, Гуш Ецион, Ерихон и Хеврон.

Врнежите на подрачјето на Јудеја се движат од 400 до на западните ридови, околу западен Ерусалим (во централна Јудеја) и во источен Ерусалим. Источните делови добиваат само поради ефектот на дождовна сенка. Климата се движи од средоземна на запад и пустинска на исток, со појас на степска клима во средината.

Издан Во своето истражување, Еврејскиот универзитет во Ерусалим утврдил присуство на подземно наоѓалиште на слатка вода (издан) под Јудеската Пустина, наречен Издан на Јудејската група, кој почнува од Јудејските Планини и оди во североисточен правец кон Мртвото Море, а излегува на површина од изворите во Цуким, Каме, Самар и Ејн Геди. Изаднот се полни од дождовница и има просечна годишна зафатнина од 100 милиони кубици вода.

Поврзано Јудеја Географија на Израел Масада Манастир „Св. Сава Осветен“ Ејн Геди

Наводи

Категорија:Пустини во Израел Категорија:Географија на Палестина Категорија:Западен Брег Категорија:Јудеја Категорија:Места од Новиот завет