Осигурително брокерско друштво (англиски: Insurance Broker) - трговско друштво кое се занимава со извршување брокерски работи во областа на осигурувањето.
Осигурително брокерски работи Во групата на осигурителни брокерски работи спаѓаат:Христо Кондовски, „Согласно нивните потреби, на клиентите им ја презентираме најсоодветната понуда за односот покритие/премија“, Економија и бизнис, година 19, број 228, јуни 2017, стр. 68. посредување во договарање на осигурителното покритие на осигурениците посредување при реализирање на отштетни побарувања по остварен осигурен штетен настан снимање ризици посредување при процена на штети посредување при продажба на остатоците од осигурените оштетени предмети воведување мерки за спречување и намалување на штетите и ризиците при неживотно осигурување изработка анализа на ризикот и предлагање соодветно осигурително покритие на осигуреникот информирање на осигурителното друштво за намерата на осигуреникот за склучување договор и запознавање на осигуреникот со условите од полисата и со законските услови посредување во име на осигуреникот при склучувањето договор за осигурување проверка на содржината на полисите за осигурување укажување правна помош во осигурувањето
Осигурителните брокери во Македонија Во 2017 година, во Македонија постоеле 33 осигурително брокерски друштва, кои продале 25,55% од вкупната премија врз основа на осигурителни полиси. Во неживотното осигурување, брокерските друштва учествувале со 20,63% во вкупната премија од полиси, додека нивното учество во животното осигурување изнесувало 53,87%. Во областа на неживотното осигурување, брокерските друштва најмногу посредувале во осигурувањето од автоодговорност (43%), потоа во осигурувањето на имотот (11%), во каско-осигурувањето (4%) итн.Христо Кондовски, „Согласно нивните потреби, на клиентите им ја презентираме најсоодветната понуда за односот покритие/премија“, Економија и бизнис, година 19, број 228, јуни 2017, стр. 68-69.
Наводи
Категорија:Осигурување Категорија:Финансии Категорија:Финансиски систем на Македонија