Партија на обединети пензионери и граѓани на Македонија (ПОПГМ) — политичка партија во Република Македонија. Партијата е во коалиција со Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Водач на партијата е Илија Николовски. На парламентарните избори во 2020 година, партијата учествувала во коалиција предводена од СДСМ и освоји 1 пратеничко место.
Цели на партијата Партијата се залага за заштита на правата и потребите на пензионерите во Република Македонија. Цел на дејствување на партијата се егзистенцијалните интереси и потреби на пензионерите, висината и редовноста на нивните пензии, усогласување со примањата на вработените, квалитетот на пензиското осигурување, системот на здравствено осигурување, социјалната заштита, пензионерските домови за сместување, клубовите за дружење и разонода и други прашања.
Наводи
Надворешни врски Партија на обединети пензионери и граѓани на Македонија
Категорија:Политички партии во Македонија