Сер Чарлс Спенсер Чаплин, познат како Чарли Чаплин, (16 април 1889 - 25 декември 1977) бил истакнат англиски комичар, режисер и композитор во добата на немиот филм. Пред крајот на Првата светска војна бил еден од најпознатите филмски ѕвезди кој користел мимика, фарса и други техники на визуелна комедија кои котирале високо и во времето на тонфилмовите, но при крајот на 1920 бројот на неговите филмови значително се намалил. Негова најпозната улога е таа на „Скитникот“ (The Tramp)”, која најпрво ја играл во комедијата “Детски трки во Венеција (англиски: “Kid Auto Races At Venice”), снимена во студиото Кејстон (Калифорнија) во 1914 година. По снимањето на “Дваесет минути љубов” (англиски: Twenty minutes of Love), во април 1914, Чаплин ги напишал и режирал повеќето свои филмови, од 1916 ги продуцирал, а од 1918 и компонирал музика за нив. Toј во далечната 1919 година, во соработка со Мери Пикфорд, Даглас Фербенкс и Д.В. Грифит го основале филмското студиоЈунајтед Артистс.
Чаплин е еден од најкреативните и влијателни ликови од ерата на немиот филм. Силното влијание на неговиот претходник, францускиот комичар Макс Линдер, кому му посветил и еден свој филм е видливо во неговата работа. Неговата кариера која започнала на сцената на Мјузик Хол, Велика Британија, била прекината поради неговата смрт на 88 годишна возраст, после 75 години поминати на сцена. Контраверзноста била секогаш присутна како и во неговиот јавен така и во неговиот приватен живот. Во времето на Мек Картни, при крајот на 1950 година поради неговите “левичарски” политички аспирации, Чаплин бил принуден да се пресели во Европа.
Во 1999 година, Американскиот филмски институт, го назначил Чаплин како десетта најголема машка филмска легенда на сите времиња. Џорџ Бернард Шо го нарекол Чаплин “единствениот гениј на филмската индустрија”
Животопис мини|Чарли Чаплин, на 7 годишна возраст, во лондонското училиште во Ханвел. (Чаплин е во третиот ред на средина)
Детството во Лондон (1889-1909) Чарлс Спенсер Чаплин е роден на 16 април 1889, наводно на Ист Стрит, Волворт, Лондон, Англија. Во 2011 година било откриено писмо кое датира од 1970 година, адресирано до самиот Чаплин, во кое се вели дека е роден во цигански караван во паркот Блек Печ, во Сметвик, Стафордшир Неговите родители, од кои и научил да пее, биле забавувачи во Мјузик хол. Татко му, Чарлс Спенсер Чаплин, бил вокален солист и актер, додека мајка му, Хана Чаплин, била пејачка и глумица која настапувала под псевдонимот Лили Харли. Прабаба му по татко, била припадник на ромското стебло Смитс, нешто на кое тој бил многу горд, иако подоцна во својата автобиографија го опишал со зборовите “скелетот во нашиот семеен плакар”. Родителите на Чаплин, иако никогаш не се развеле, сепак престанале да живеат заедно до 1891, пред Чарли да наполни 3 години.
Пописот од 1891 година покажал дека Чарли живеел со мајка му и постариот полубрат Сидни на ул. Барлоу, Волворт. Како дете, Чаплин и мајка му смениле неколку адреси, главно во лондонскиото округ Кенингтон. Хана немала доволно приходи, освен повремената работа како негувателка и шивачка, а таткото на Чаплин не обезбедувал финансиска поддршка. Кога се влошила ситуацијата, Чаплин бил испратен во Ламбот Воркхаус, на седум годишна возраст. Таткото, Чарлс Чаплин постариот, бил алкохоличар и речиси не одржувал никаков контакт со својот син, иако Чарли и неговиот полубрат кратак период живееле со него и со неговата љубовница Луиза, на Кенингстон Роуд, бр.287. Тоа било во периодот кога нивната мајка со нарушено ментално здравје, како резултат на психоза и сифилис, два месеца престојувала во душевната болница Кејн Хил во Кулздон. Чарли имал 12 години кога татко му на 38 годишна возраст умрел од цироза, во 1901. Неговата мајка, со постојано нарушено здравје неколкупати била згрижувана во болница. Од 1905, здравјето трајно ѝ било нарушено а починала во 1928.
Првите чекори како млад изведувач мини|Младиот Чаплин во претставата Шерлок Холмс, во која глумел во периодот помеѓу 1903 и 1906 година.
Според податоците од пописот во 1901 година, Чарли живеел на Ферндал Роуд, Ламбет, како дел од танчерската група “Осумте момчиња од Ленкашир” ( англиски: The Eight Lancashire Lads), предводена од Вилијам Џексон со кои стапил во контакт преку врските кои ги имал татко му. Како член на музичката трупа, тој настапувал во англиските музички сали во текот на 1899 и 1900 година.Осумте Ланкаширци настапувале во мјузик хол до 1908 година. Точното време кога Чаплин ја напуштил групата не е потврдено, но врз основа на истражувања, А. Ј. Мериот верува дека тоа било во декември 1900 година. Чаплин работел напорно, а глумата била популарна кај публиката, но тој не бил задоволен со танцот и сакал да настапува во комедии.
На 13 годишна возраст Чарли го напуштил училиштето. Работел секакви ситни работи но сонувал да стане глумец. На 14 годишна возраст, се пријавил во театарска агенција во лондонскиот Вест Енд. Менаџерот го почувствувал потенцијалот во Чаплин, кој веднаш ја добил својата прва улога како разнесувач на весници во претставата Џим на Хари Артур Сентсбери. Премиерата била во јули 1903 но претставата не доживеала успех. Сепак, комичната изведба на Чарли била забележана од публиката и пофалена во неколку критики.
Во 1903, Чарли ја добил улогата на Били, во претставата за Шерлок Холмс. Неговата изведба била одлично прифатена од публиката по што тој бил повикан во Лондон да ја игра заедно со Вилијам Џилет.Вилијам Џилет ја напишал претставата за Шерлок Холмс заедно со Артур Конан Дојл и ја глумел улогата уште од нејзината премиера во Њујорк во 1899 година. Тој пристигнал во Лондон во 1905 година за да настапи во новата пиеса, Кларис. Приемот слабо поминал и Џилет одлучил да додаде едно "парче" наречено Мачното предвидување на Шерлок Холмс. Заради оваа кратка претстава Чаплин првично требал да дојде во Лондон и да ја глуми улогата. По три прикажувања, Џилет одбрал да ја напушти Кларис и да ја замени со Шерлок Холмс. Чаплин оставил силен впечаток кај Џилет со неговата улога на Били. мини|Чаплин (лево) во неговата прва улога во филмот, Заработка за живот, со Хенри Лерман којшто го режирал филмот (1914)
Пробивањето во САД (1910-1913) Чаплин за првпат бил на турнеја во Америка со ансамблот Фред Карно во периодот од 1910-1912 година. По петмесечниот престој во Англија, тој на 2 октомври 1912 година повторно се вратил на втора турнеја низ САД. Во истиот ансамбл членувал и Артур Стенли Џеферсон, подоцна попознат како Стен Лорел. Подоцна Лорел се вратил во Англија, додека Чаплин останал во САД.
При крајот на 1913 година, шоуто на Чаплин и ансамблот бил забележан од страна на Мек Сенет од студиото Кистон. Сенет го вработил Чаплин на местото на Фред Мејс, кој имал намера да го напушти студиото. Тој во септември 2013 потпишал договор со компанијата во износ од 150 долари неделно (3,714 во долари од 2017)Federal Reserve Bank of Minneapolis Community Development Project. "Consumer Price Index (estimate) 1800–" . Federal Reserve Bank of Minneapolis.
Во декември 2013, Чаплин пристигнал во Лос Анџелес. Во прво време имал потешкотии да се навикне на филмската глума а Сенет се плашел дека 24 годишниот Чаплин изгледа премлад за улогата. Неговата прва улога била во филмот Заработка за живот (англиски: “Making a Living”), улога која на Чаплин не му се допаднала но за која добил пофалба од критиката. За својот втор настап пред камерата, Чаплин го избрал костумот по кој станал препознатлив. Тој го опишал процесот во неговата автобиографија:Сакав сè да биде контрадикторно: широки панталони, тесно палто, мал шешир и големи чевли ... Додадов мал мустаќ, кој сметав дека ќе ме направи постар без да го крие мојот израз. Немав идеја за ликот. Но во моментот кога ќе се облечев, облеката и шминката ме тераа да ја почувствувам личноста. Почнав да го познавам, и кога излегов на сцена, тој беше целосно оформен.Робинсон забележал дека "ова не било целосно точно: на ликот му требал една година или повеќе за да се развие во неговата целосна димензија, па дури и тогаш - кога ја добил својата сила - истиот постојано се развивал во тек на целата неговата кариера мини|Ликот на скитникот и сцена од вториот филм на Чаплин, Детска трка со автомобили (1914)
Скитникот (1914-1915) Скитникот е бездомник со префинети манири, со облека и достоинство на благородник. Арбакл му ги дал шапката на неговиот тест и пантолоните, Честер Конклин фракот од мал крој, а Форд Стерлинг огромните чевли кои на Чаплин му биле толку големи што морал да ги носи секоја на погрешната нога, за да може да се движи со нив. Чаплин си ги направил малите мустачиња од крепот на Мек Свејн. Единственото нешто кое му припаѓало на Чаплин бил бастунот.
Почетоци Ликот на скитникот ја доживеал својата премиера во добата на немите филмови, во вториот филм на Чаплин, комедијата Детска трка со автомобили (англиски: Kid Auto Races at Venice) на 7 февруари 1914 година. Чаплин веќе го имал осмислено костимот за улогата на скитникот, за филмот Чудната, незгодна положба на Мејбел (англиски: Mabel's Strange Predicament) кој беше снимен неколку дена порано, а бил прикажан на 9 февруари 1914 година. мини|лево|233x233px|Чарли Чаплин во "Детето"
Изгледот Мак Сенет побарал од Чаплин да користи шминка на сцена. Чаплин во неговата автобиографија рекол: „Немав претстава каква шминка би требало да користам. Не ми се допадна како бев облечен во улогата на новинарот. Кога одев накај гардероберот помислив да носам широки пантолони, големи чевли, бастун и полуцилиндарска шапка. Сакав ништо со ништо да не се согласува (...) Бев неодлучен околу тоа дали да изгледам младо или пак старо, но се сетив дека Сенет очекуваше да бидам постар па си ставив мустаќи.... Чаплин го усвоил ликот како свој и се обидел да даде предлози за филмовите во кои се појавувал. Овие идеи биле отфрлени од неговите режисери. За време на снимањето на неговиот 11ти филм, Мејбл на тркалото, тој се скарал со режисерот Мејбел Норманд и за малку ќе му го прекинеле договорот. Сепак, Сенет го задржал, откако добил нарачки за повеќето филмови на Чаплин. Сенет воедно му дозволил на Чаплин самиот да го режира неговиот следен филм откако Чаплин ветил дека ќе плати 1.500 долари (37.141 долари во 2017 долари) доколку филмот биде неуспешен. мини| Чаплин и Една Первајенс, во филмот Работа (1915)
Карактер Чаплин на почетокот ја користел формулата на Мек Сенет која се состоела од преувеличување и исмевање преку движења на телото и лицето. Пантомимата на Чаплин била ненаметлива што претставувала тотална спротивност на вообичаените мешаници и бркотници својствени за студиото Кистон. Визуелните шеги биле во чист кистонски стил иако ликот на Скитникот жестоко напаѓал, фрлајќи дрва и камења по своите непријатели. Чаплин, почнал да го менува својот лик, по некои критики за неговата "груба, дрска и брутална" природа. Ликот потоа станал понежен и романтичен мини|Чарли Чаплин со кукла од познатиот филмски лик Скитникот (1916)
Популарност Ликот на скитникот целосно се оформил со филмот Скитник, од 1915. Во текот на 1915 година Чаплин станал културен феномен. Продавниците биле опремени со чаплинска роба, тој се појавувал во карикатури и стрипови, а за него биле напишани и неколку песни. Неговата слава растела низ целиот свет, и тој станал прва меѓународна ѕвезда на филмската индустрија
Чаплин, со улогата на Скитникот брзо станал еден од најпопуларните изведувачи на Кистон, здобивајќи се со голема популарност и кај љубителите на кинематографијата. Скитникот бил познат под името Шарло во Италија, Андора, Португалија, Грција, Романија и Турција и како Карлитос во Бразил и Аргентина, додека во Германија бил нарекуван “Der Vagabund”. Чаплин го играл ликот на Скитникот во десеттина други краткометражни филмови а подоцна и во долгометражните. Скитникот бил светски познат лик кој ја одбележал ерата на немиот филм а самиот Чаплин во времето на тон-филмовите одбивал да го игра ликот во тонска верзија.