300px|мини|Поглед кон лутеранската црква во Есватини Религијата во Есватини има значајна улога во секојдневниот животот на луѓето во земјата. Најголема религија во земјата според последниот попис на Pew Research е христијанството со 88.1% или 1,2 милиони жители, додека повеќе од 10% не немаат определена религија или се нерелигиозни.. Според извештајот за верска слобода на американскиот Стејт департмент од 2012 година, локалните верски водачи проценуваат дека 90% од населението на Есватини е христијанин, 2% муслимани, додека под 10% припаѓаат на други верски групи. Според CIA world factbook, 40% припаѓаат на Сионската христијанска црква, 20% на Римокатоличката црква додека 10% се муслимани, а дополнителни 30% припаѓаат на Англиканската црква, Бахајствотото, Методизмот или Јудаизмот. Во други извори според Clay Potts, религиозната демографија е 80% христијанска и 20% традиционална религија..

Англиканските, протестантските и домородните африкански цркви, меѓу кои и африканските сионисти и римокатолиците, го сочинуваат мнозинството христијани во земјата. На 18 јули 2012 година, Елина Вамукоја била избрана за англикански епископ од Есватини. На 17 ноември 2012 година станала првата жена која е посветена како епископ во Африка.

Уставот на Есватини, кој стапил на сила на 8 февруари 2006 година, предвидува слобода на религијата. Владата ја почитува слободата на религијата., но сепак има извештаи од 2012 година за општествена дискриминација врз основа на верска припадност, верување или практика..

Наводи