Фикри Елмази (албански: Fikri Elmazi; , Тетовско – , ) ― македонски бранител од албанска народност, полициски резервист и учесник во Воениот судир во Македонија во 2001 година. Убиен е на 12 септември 2002 при вооружен напад на десет члена терористичка група на полициската станица во населеното место Боговиње.„Татковино, за што загинавме?“, Македонска книга 2002
Животопис Живот, војната 2001 година и смрт
Фикри Елмази е роден во 1969 година во Теново, Тетовско. Тој од почетокот на Воениот судир од 2001 година, тој бил полициски резервист. Фикри Елмази бил внук на поранешниот заменик министер за внатрешни работи Рефет Елмази кој исто така е родум од Теново. На 12 септември 2002 година, во околу 06:04 часот наутро, од две возила во движење во кои се наоѓале десетина терористи била нападната полициската станица во селото Боговиње, Тетовско. Бандитите веднаш пукале кон зградата во која се наоѓале неколкумина постојани полицајци и неколкумина припадници на резервниот полициски состав. На самото место бил убиен Фикри Елмази од селото Теново, Тетовско, припадник на редовниот полициски состав. Тој бил задолжен за надворешно обезбедување на објектот. Терористичката банда по нападот се упатила по локалниот пат Тетово - Гостивар, покрај Шар Планина кон селата Пирок и Градец во правец на Гостивар. Тие побегнале со две патнички возила „алфа ромео“ сина боја и „опел вектра“ сива боја. И двете без регистарски таблички.
МВР претпоставува дека терористите што ја нападнале станицата во Боговиње се дел од вооружената група, која пред извесно време ги киднапира осумте Македонци на автопатот Тетово - Гостивар, кај селото Жеровјане. Безбедносните служби нападот на полицијата во Боговиње го поврзуваат со неодамнешното соопштение на т.н. АНА по убиството на двајцата полицајци во Гостивар, во кое Албанците во Македонија биле предупредени „да ја соблечат униформата на славомакедонската полиција за да не гинат залудно“. Во полициската станица во Боговиње во моментот на нападот имало пет полицајци - Албанци по народност.
Погребан е на гробиштата во родното Теново. Фикри Елмази посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р Македонија.
Наводи
Категорија:Луѓе од Теново Категорија:Македонски Албанци Категорија:Македонски бранители Категорија:Македонски полицајци