Демократска партија на Македонија (ДПМ) — поранешна политичка партија од Република Македонија.
Историја Партијата за првпат учествувала на парламентарните избори во 1994 каде што добила 1,5% од вкупниот број на гласови во првиот, односно 1% во вториот круг. На овие избори партијата освоила едно пратеничко местоNohlen, D & Stöver, P (2010) Elections in Europe: A data handbook, p1288 (Томислав Стојановски).Демократска партија на Македонија, пратенички состав 1994-1998, Собрание на Република Македонија На парламентарните избори во 1998 година партијата настапила во коалиција со Либерално-демократската партија. Коалицијата освоила четири пратенички места, сите припаднале на ЛДП.
Партијата самостојно учествувала на следните парламентарни избори во 2002, но освоила 0,2% од гласовите без пратеничко место. По овие избори партијата не учествувала во ниеден нареден изборен циклус.Nohlen & Stöver, p1281
Наводи
Категорија:Поранешни политички партии во Македонија