Народна демократска партија (НДП; , PDP) — поранешна македонска политичка партија на етничките Албанци со седиште во Тетово.

Историја Основачкото собрание на партијата се случило во јули 1990, а партијата била регистрирана на 1 август истата година. За претседател на партијата бил избран Илијаз Халими, а за генерален секретар бил назначен Ибрахим Бедредин. Партијата за првпат учествувала на парламентарните избори во 1990 година, додека Македонија сè уште била дел од Југославија. Самостојно, партијата освоила 0,4% од вкупниот број на гласови во првиот, односно 0,5% од вкупниот број на гласови во вториот круг, освојувајќи едно пратеничко место во Собранието.Nohlen, D & Stöver, P (2010) Elections in Europe: A data handbook, p1282 Во некои подрачја партијата настапила во коалиција со ПДП, освојувајќи пет пратенички места.

На парламентарните избори во 1994 година партијата го зголемила бројот на гласови на 3% од вкупниот број на гласови, освојувајќи четири пратенички места. Во 1997 НДП се споила со Партијата за демократски просперитет, со тоа формирајќи ја ДПА.Democratic Party of Albanians, DPA Balkan Insight

Наводи

Категорија:Поранешни политички партии во Македонија Категорија:Појавено во 1990 година во Македонија