Француски Дахомеј (француски: Colonie du Dahomey) — француска колонијална територија во федерацијата на Француска Западна Африка од 1904 година до 1958 година. По Втората светска војна, со основањето на Четврта Француска Република во 1947 година, Дахомеј станал дел од Француската унија со зголемена автономија. На 11 декември 1958 година била основана Петта Француска Република и Францускката унија станала Француска заедница. Колонијата стекнала самоуправа под името Република Дахомеј во рамките на Заедницата, а две години подоцна на 1 август 1960 година добила целосна независност. Во 1975 година земјата го променила имато во Бенин.

Категорија:Дахомеј Категорија:Поранешни држави во Африка

Категорија:Историја на Бенин Категорија:Поранешни колонии во Африка Категорија:Поранешни колонии на Франција Категорија:Француска колонизација на Африка Категорија:Држави и територии настанати во 1904 година Категорија:Држави и територии распаднати во 1958 година