Нова алтернатива — македонска политичка партија. Претседател на партијата е Данела Арсовска.
Учество на избори Партијата била создадена од страна на Ѓорѓи Оровчанец во 2007 година, во периодот кога тој бил член на ВМРО-НП и пратеник во Собранието.Пратенички состав 2006-2008, официјален портал на Собранието на РМ На парламентарните избори во 2008 година, партијата учествувала во коалицијата предводена од СДСМ каде што добила едно пратеничко место.Пратенички состав 2008-2011, официјален портал на Собранието на РМ Партијата останала во коалицијата предводена од СДСМ и на наредните избори, но не добила пратеничко место. Партијата не учествувала на парламентарните избори во 2014 година, но повторно се приклучила на коалицијата предводена од СДСМ на парламентарните избори во 2016 година. На парламентарните избори во 2020 година, партијата учествувала во коалиција предводена од СДСМ.
Наводи
Категорија:Политички партии во Македонија Категорија:Центристички партии Категорија:Појавено во 2007 година во Македонија