Левин Озтунали (роден на 15 март 1996) — германски фудбалер со турско потекло, играч од средниот ред на Хамбургер.
Животопис Озтунали е внук, по неговата мајка, на легендата на германскиот фудбал Уве Зелер. Неговиот татко е турчин и претходно има работено како скаут во Хамбургер.
Технички одлики Тој е офанзивен играч од средниот ред, но исто така може да дејствува и по крилните позиции.
Клупска кариера Почетоци, Баер Леверкузен и заемот во Вердер Бремен Својата кариера Озтунали ја започнал во малку познатите клубови Тура Харкшеиде и Ајнтрахт Нордерштедт од каде подоцна преминува во академијата на Хамбургер каде расте и се развива како фудбалер. На 5 февруари 2013 потпишал петгодишен договор со Баер Леверкузен, а трансферот требало да се комплетира во текот на летото. Пред почетокот на сезоната 2013-2014 Озтунали бил пријавен да настапува и за првиот и за вториот тим на Баер. Своето деби за првиот тим го направил на 10 август, влегувајќи како доцна замена на местото на Гонсало Кастро во победата со 3-1 над Фрајбург. Со тоа на возраст од 17 години и 146 дена Езтунали станал најмладиот играч во историјата на Баер Леверкузен кој дебитирал за клубот во Бундеслигата и 11-ти најмлад дебитант во историјата на натпреварувањето.
На почетокот на следната сезона, на 26 август 2014 бил изгласан за втор најдобар играч на возраст под 18 години зад соиграчот Јулијан Брант. Во текот на неговата втора сезона во Леверкузен дебитирал во Лигата на шампионите влегувајќи како замена од клупата на местото на Карим Белараби во натпреварот против Бенфика кој завршил со победа од 3-1 за фармацевтите. Езтунали останал во Леверкузен до крајот на првиот дел од сезоната, а во текот на зимскиот трансферен прозорец бил позајмен на Вердер Бремен со цел да игра почесто. Својот прв погодок за Вердер го забележал во поразот со 3-2 од Борусија Дортмунд во последното коло од сезоната во Бундеслигата на 23 мај 2015.
Во летото 2015 неговата позајмица во Вердер била продолжена до крајот на сезоната 2015-2016. Озтунали ја завршил сезоната со 25 натпревари во Бундеслигата и еден гол постигнат против Штутгарт во победата со 6-2 во мај. Својот последен натпревар за Вердер го одиграл на 14 мај 2016 во победата со 1-0 над Ајнтрахт Франкфурт, по што се вратил во Баер Леверкузен во текот на летото.
Мајнц На 25 август 2016, Озтунали потпишал петгодишен договор со Мајнц 05. Дебитирал за новиот клуб на 27 август против Борусија Дортмунд влагувајќи како замена во второто полувреме на местото на Суат Сердар, а својот прв гол за клубот го постигнал во следната недела во ремито 4-4 против Хофенхајм. На 29 септември го постигнал својот прв погодок во европските натпреварувања, и тој се покажал како победнички во успехот со 3-2 над азербејџанската екипа Кабала во Лигата на Европа. Својата прва сезона во Мајнц ја завршил со 36 настапи и 6 гола во сите натпреварувања.
Репрезентативна кариера Озтунали бил дел од повеќе младински репрезентациии на Германија како што се репрезентациите под 15, под 16 под 17, под 19, под 20 и под 21 година.
Во 2014 година учествувал со репрезентацијата под 19 години на Европското првенство во Украина на кое Германија станала шампион; Озтунали одиграл 4 натпревари и постигнал еден гол на турнирот. Во 2015 година настапувал за репрезентацијата под 20 години на Светското првенство во Нов Зеланд, каде собрал 5 настапи и постигнал еден гол во осминафиналето против Нигерија во победата со 1-0. Во летото 2017 Озтунали бил член на германската репрезентација под 21 година која го освоила Европското првенство во Полска. Тој одиграл два натпревари на првенството.
Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 3 јули 2017.
Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2013-2014 Баер Леверкузен БЛ 9 0 - - - - - - - - - 9 0 2014-јан. 2015 БЛ 6 0 КГ 1 0 ЛШ 1 0 - - - 8 0Вкупно Баер Леверкузен 15 0 1 0 1 0 - - 17 0 јан.-јун. 2015 Вердер Бремен БЛ 16 1 КГ 1 0 - - - - - - 17 1 2015-2016 БЛ 25 1 КГ 4 0 - - - - - - 29 1Вкупно Вердер 41 2 5 0 - - - - 46 2 2016-2017 Мајнц 05 БЛ 30 5 КГ 1 0 ЛЕ 5 1 - - - 36 6Вкупно во кариерата 86 7 7 0 6 1 0 0 99 8
Титули Германија Европско првенство за играчи под 19 години (1) : 2014 Европско првенство за играчи под 21 година (1) : 2017
Наводи
Надворешни врски
Левин Озтунали на soccerway Левин Озтунали на transfermarkt Левин Озтунали на espn Левин Озтунали на whosocered
Категорија:Германски фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери на ФК Баер Леверкузен Категорија:Фудбалери на ФК Вердер Бремен Категорија:Фудбалери на ФК Мајнц 05 Категорија:Фудбалери на ФК Унион Берлин Категорија:Фудбалери на ФК Хамбургер Категорија:Германци со турско потекло Категорија:Родени во 1996 година