Свети Константин и Елена — главна селска црква во гевгелиското село Мрзенци.
Местоположба
Црквата се наоѓа во јужниот дел од селото и е сместена на Мрзенски Рид, кој има доминантна положба во однос на остатокот од селото.
Историја
Близу денешната црква стојат остатоци од средновековна црковна градба; ова наоѓалиште го носи името Црква. Овој објект со текот на времето бил напуштен, и познато е од мештаните дека следнот (за нив познат) храм бил изграден на место од другата страна на железничката пруга некаде во XIX век. Нејзин градител бил истакнатиот Андон Китанов со потекло од селото Тресонче. Подоцна е решено денешната црква да се изгради на средновековното место. Изградбата започнала да се гради во 1925 година, но поради низа непогодности не била довршена сè до 1936 година, кога и била осветена од страна на штипскиот владика Симеон Злетовско-струмички.„Цркви и манастири во Гевгелија“. Повардарска епархија.
Во мај 2015 година, крадци ја скршиле влезната врата од црквата и ги одземале парите од иконите и касите. Според мештаните, при грабежот на црквата биле одземени околу илјади денари.„Ограбена црквата "Св. Константин и Елена"“. Вечер. 21 мај 2015. Уште една кражба во црквата се случила ноќта на 5 март 2020 г.
Архитектура
Градбата на црквата е трикорабна, со рамни варосани тавани, при што средишниот кораб е засводен. Покривната конструкција е изградена на две води и е потпрена на осум столбови во два реда. Кон западната и јужната страна на црквата е доградена припрата. Над главниот влез од црквата има ниша во која се живописани Свети Константин и Елена.
Дворот на црквата е ограден и зафаќа голема површина. Во него се сместени селските гробишта и камбанаријата. Камбанаријата е со квадратна основа и се наоѓа веднаш до црквата.
Фрескоживопис
Внатрешноста на црквата не е живописана. Иконостасот е изработен во 1937 година. На него има три записи. Едниот се наоѓа над царските двери, врз фризот со винова лоза. Останатите два се наоѓаат лево и десно од дверите, на парапетни табли. На северната страна од царските двери е испишан записот
„Иконописци - браќата Доневи од с. Гари, Дебарско 1937 г.“
Галерија
Поврзано Мрзенци Повардарска епархија Гевгелиско архијерејско намесништво Втора гевгелиска парохија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Мрзенци Мрзенци