Мамуѕу (; маоре: Momoju) — главен град на францускиот прекуморски регион и департман Мајот во Индиски Океан, кој воедно ја сочинува и најнаселената општина. Сместен е на островот Гранд Тер (Маоре), најголем во Мајот.

Историја Сè до 1977 г. административниот центар на Мајот бил во Ѕауѕи, на малиот остров Пети Тер (Паманази), кога е сменет со Мамуѕу. Според пописот во 1985 г. во самиот град живееле 12.026.

Управа мини|Градската управа на Мамуѕу Покрај градот, општината опфаќа и 6 села: Кавени, Мцапере, Пасаменти, Ваибе, Цунѕу I и Цунѕу II.

Општината воедно е поделена на 3 кантона; Мамуѕу I, Мамуѕу II и Мамуѕу III.

Од Мамуѕу емитува државното радио на француски и маоре (месниот коморски дијалект). На улицата „Маријаз“ се сместени повеќе државни установи како управите за Земјоделство и шумарство, Образование, Здравство и социјала, Јавни работи, Работа, вработување и Млади и спорт — чии седишта се наоѓаат во градот уште пред да добие статус на главен.. Во Мамуѕу има и отсек на „Франс телеком“.

Демографија Население во минатото 1966 1978 1985 1991 1997 2002 2007 2012 4.556 7.798 12.026 20.307 32.774 45.485 53.022 57.281 <small>Официјални пописни податоци.

По населени места Село 1997 2002 Кавани 3.948 5.488 Кавени 6.206 9.604 Мамуѕу 5.666 6.533 Мцапере 6.979 10.495 Пасаменти 5.173 6.008 Цунцу 1 2.093 3.058 Цунцу 2 574 1.063 Ваибе 2.135 3.236 <small>Статистички точно за 1997 г.

Градот има значајно муслиманско население.

Стопанство мини|Тезги на пазариштето во Мамуѕу

Мамуѕу има банка и трговски центар. Стопански центар на градот е пазариштето (Плас ди Марш), каде се сместени Ер Франс, Ева ер, туристичката служба и редакцијата на островското списание Жана на Лео. Попознати ресторани се „Ле Терас“ (Les Terrasses), „Исижива“ (Hotel Restaurant Isijiva), „Ле Барфли“ (Le Barfly) и „Мамуѕу Ла Каз“ (Mamoudzou La Kaz).

Од градот сообраќа траект до островот Пети Тер, претежно за туристички цели.

Наводи

Надворешни врски

Портал на Мамуѕу

Категорија:Главни градови во Африка Категорија:Населени места во Мајот Категорија:Општини во Мајот Категорија:Префектури во Франција