Џанлујџи "Џиџио" Донарума (роден на во ) — италијански фудбалер, голман на Манчестер Сити и на италијанската репрезентација.
Тој ја започнал својата кариера со Милан во 2015 година, станувајќи втор најмлад голман што дебитирал во Серија А, на возраст од 16 години и 242 дена; Тој веднаш настапил во почетната линија, заработувајќи репутација како еден од најдобрите млади голмани во светот. Исто така, тој го соборил рекордот како најмладиот играч на Италија под 21 година што некогаш играл, на возраст од 17 години и 28 дена во март 2016 година. Шест месеци подоцна, го направил своето прво репрезентативно деби, за сениорскиот тим на Италија, со што станал најмладиот голман кој некогаш настапил за Италија, на возраст од 17 години и 189 дена.
Џанлуиџи е помал брат на голманот Антонио Донарума..
Наводи
Надворешни врски Profile at Football Database
Категорија:Италијански фудбалери Категорија:Фудбалери на Милан Категорија:Фудбалери на ФК Париз Сен Жермен Категорија:Фудбалери на ФК Манчестер Сити Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Фудбалски голмани Категорија:Живи луѓе