Ангелина Иванова (, Крушевац — , ) — македонска глумица, една од ѕвездите на Драмскиот театар во Скопје од XX век.
Животопис Иванова е родена на 21 март 1928 година во Крушевац. Завршила трет клас гимназија во 1946 година. Работела на Куклената сцена, во Младинско-детскиот театар и Драмскиот театар во Скопје. Во Драмски театар работела сè до пензионирањето, каде одиграла повеќе од 80 улоги.
Починала во Скопје на 18 јули 2017 година.In Memoriam: Почина глумицата Ангелина Иванова
Филмографија Иванова ги остварила следниве филмски улоги: 1973: Недела 1976: Сакате ли уште едно парче торта 1979: Томе од бензинската пумпа 1982: Гласот 1982: Илинден 1984: Исповед на таксистот 1987: Трето доба 1988: Скопски сновиденија 1988: Еурека 1990: До, ре, ми 1992: Тврдокорни 1999: Време, живот 2006: Нави
Надворешни врски
Наводи
Категорија:Глумци од Крушевац Категорија:Македонски глумици Категорија:Македонски театарски глумци Категорија:Македонски телевизиски глумци Категорија:Македонски филмски глумци