Портокал (, syn. Citrus × sinensis) — било кое од неколкуте видови мали дрвја или грмушки од родот агруми и неговите плодови. Се одгледува во тропските и суптропските области. Тркалезниот плод има рапава, масна кора и сочно внатрешно месо богато со витаминот Ц. Главните комерцијални видови портокал се: кинескиот портокал, мандарините и морскиот портокал без семки. Дрвото на портокалот има широки, сјајни зимезелени листови со средна големина. Раѓа плодови во период од 50 до 80 години. Портокалите не добиваат дополнителен квалитетот откога ќе паднат од дрвото, па затоа се берат само кога се целосно зрели. Портокалот најчесто се употребува за поизводство на сок, а споредни производи се есенцијалните масла, пектинот, слатката кора, мармаладот од портокал итн, а остатоците што се добиваат при преработката на портокалот се користат како храна за стоката.
Име
Портокалот е име на растението присутно во сите дијалекти на македонскиот јазик. Забележано е името „наранза“ во Долни Порој, Демир Хисар.Билтен на одборот за изработување на македонската терминологија, МАНУ, Скопје, 1974, стр. 11
Портокалот како тема во уметноста и во популарната култура „Портокали“ — расказ на францускиот писател Алфонс Доде од 1869 година.Alphonse Daudet, Pisma iz mog mlina. Zagreb: Znanje, 1986, стр. 147-151. „Песната на сувиот портокал“ (шпански: Cancion del naranjo seco) — песна на шпанскиот поет Федерико Гарсија Лорка.Федерико Гарсија Лорка, Неверна жена. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982, стр. 84. „Блуз од портокалов сок“ (англиски: Orange Juice Blues) — песна на американската рок-група Бенд (The Band) од 1975 година.YouTube, The Band- Orange Juice Blues (Blues For Breakfast) (пристапено на 25.12.2017) „Портокал“ (англиски: Orange) — песна од истоимениот албум на американската рок-група The Jon Spencer Blues Explosion! од 1994 година.Discogs, The Jon Spencer Blues Explosion!* – Orange (пристапено на 6.1.2023) „Портокал“ — фотографија на Дарко Христов.Искра Донева, Небеска раскрсница. Скопје, 2009, стр. 48.
Наводи
Наводи
Категорија:Цитруси Категорија:Турцизми Категорија:Овошни дрва