Жана Моро (), (, – , ) – француска филмска и театарска глумица и режисерка.
Животопис Жана Моро е родена во Париз во семејство со француско-англиско-ирско потекло. Мајка ѝ, Англичанка родум од Ланкашир, била танчерка во „Фоли бержер“. Жана Моро во младоста студира на парискиот конзерваториум. Во 1947 година дебитира на театарската цена на Авињонскиот фестивал, и веќе во своите дваесетти години е една од водечките глумици во Комеди франсез. После 1951 година глуми епизодни улоги на филм, и кон крајот на 1950-тите соработува со реномирани режисери, особено со Луј Мал во филмовите „Лифт за на губилиште“ (1958), „Љубовници“ (1959), после што медиумите ја прогласуваат за нова Брижит Бардо. Благодарение на постигнатиот успех, следните години соработува со низа режисери од францускиот нов бран, како Франсоа Трифо во филмот „Жил и Џим“ (1962), кој се смета за еден од нејзините најзначајни улоги. лево|200px|мини|Жана Моро и Жилиет Бинош Исто така се истакнуваат нејзините улоги во филмовите „Ноќ“ (1961) од Микеланџело Антониони, „Фалстаф“ (1965) од Орсон Велс, „Дневникот на една собарка“ (1964) од Луис Буњуел, „Последниот тајкун“ (1976) од Елија Казан, „Кавга“ од Рајнер Вернер Фасбиндер и „До крајот на светот“ (1991) од Вим Вендерс. Освен со глума, се занимава и со филмска режија, продукција и пишување сценарија. Како музичарка објавила неколку албуми, а еднаш настапила со Френк Синатра на сцената на „Карнеџи хол“ во Њујорк.
Жана Моро била пријателка на истакнатите писатели и уметници Жан Кокто, Жан Жене, Хенри Милер и Маргерит Дирас. Била блиска пријателка со Шерон Стоун. Орсон Велс своевремено ја нарекол една од најзначајните глумици на светот.
Избрана филмографија „Лифт за на губилиште“ (1958) „Љубовници“ (1959) „Moderato cantabile“ (1960) „Ноќ“ (1961) „Жил и Џим“ (1962) „Дневникот на една собарка“ (1964) „Viva Maria!“ (1965) „Невестата во црно“ (1968) „Последниот тајкун (1976) „Кавга“ (1982) „До крајот на светот“ (1991) „I Love You, I Love You Not“ (1996)
Надворешни врски
Jeanne Moreau Biography on newwavefilm.com
Категорија:Француски глумци Категорија:Членови на Академијата на убавите уметности